Кодели-Демоли: Албанија и Косово ќе делуваат заедно на секоја провокација

Албанија и Косово заедно ќе реагираат на секоја вештачка националистика провокација.

Ова е заднички став што по средбата во Трана го изнесоа Мими Кодели албанска министерка за одбрана и Хаки Демоли, министер на косовските безбедносни сили (ФСК).

– Консолидацијата на косовската држава и неповредливоста на уставните граници всушност беше приоритет во денешната заедничка агенда. Секој обид да се создадат лажни националистички тензии ќе се соочи со нашата непоколеблива заедничка волја цврсто да го продолжиме нашиот најголем сон и сонот на нашите народи за атлантската интеграција на целиот регионот во кој живееме, изјави синоќа Мими Кодели.

Таа посочи дека максимално високо го ценат извонредното залагање и досегашната работа на воениот персонал и долгата мисијата на КФОР на Косово.

– Присуството на албанските војници таму двојно ќе го зголемиме. Тоа е вест која сме ја кажале и претходно и ние сме при крај на законските процедури за дополнителен персонал. Дозолете ми почитуван колега да повторам дека ние сме ваша поддршка за секој чекор кој ќе го направите во правец на интегрирање во евроатланските структури,посочи Кодели.

Таа соопшти дека потпишале План за соработка за 2017 година, кој предвидува фокусирање на заеднички активности, посебно обуки и воени вежби.

– Процесот на трансформација на безбедносните сили на Косово во вооружени сили на Косово, кој, како што е познато, поради неподготвеноста на припадниците на српската заедница во косовскиот парламент да гласаат за уставните амандмани, кои го отвораат патот за трансформација, веќе подолго време стагнира, рече министерот на косовските безбедносни сили Демоли.

Според него, барањата на косовското општество се во континитет овој процес да се случи и секојдневни имале притисок од сите можни косовски сегменти силите да се трансормираат во армија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.