Коџабашиев : СДСМ нема аргументи против економските политики на оваа Влада

Вие не ги признавате резултатите на оваа Влада, на која ММФ, Светска Банка и ЕК даваат највисоки оценки и признанија и ја посочуваат Македонија на останатити држави за пример како се води економска политика ,истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Коџабашиев во својата реплика кон пратеникот на СДСМ, Марјанчо Николов во дебатата за буџетот на денешната седница на Собранието на Република Македонија.

СДСМ нема аргументи против економските политики на оваа Влада, СДСМ нема аргументи против политиките со кои се изградија 1100 километри регионални, магистрални и локални патишта, се започна изградбата на три автопати, се започна гасификација на Македонија, се започна изградбата на пруга кон Бугарија, се обновува возниот парк во МЖ, вчера беше пуштен во употреба првиот електормоторен воз во Македонија, потенцираше тој.

Коџабашиев нагласи дека се реконструирани 350 училишта, а се изградени се 70 нови училишта, како и 46 нови градинки.

Се вложија 100 милиони евра за набавка на најсовремена медицинска опрема, се вложија 100 милиони евра за реконструкција и изградба на нови болници, се остварија пет пати повеќе странски инвестиции, отколку во 10 годишниот период на СДСМ, се создадоа услови со кои се вреаботија 144.000 невработени граѓани на Република Македонија, додаде Коџабашиев.

Тој на крајот рече дека е постигнато историско најниско ниво на невработеност во историјата на независна Република Македонија од 26,9 % во однос на историските 38,9 % во време на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.