Koѕиас утре доаѓа во Скопје

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас утре ќе престојува во Скопје каде ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

По средбата со Попоски, Коѕиас ќе разговара со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, а потоа и со премиерот Никола Груевски, соопшти грчкото МНР.

Шефот на грчката дипломатија подоцна ќе биде примен од страна на македонскиот претседател Ѓорге Иванов со кого ќе има и работен ручек.

Коѕиас во Скопје исто така ќе се сретне и со лидерите на поголемите политички партии, односно на СДСМ, Зоран Заев, на ДПА Мендух Тачи, како и со претседателот на ДУИ Али Ахмети, соопшти грчкото МНР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.