Кое е најдоброто време во денот за секс?

Три часот попладне. Ова според научниците е најдоброто време во денот за секс. Според истражувањата, нивото на хормоните кај мажите и кај жените диктира кое е најдоброто време што ќе го пружи најдоброто сексуално искуство. Така, во 3 часот попладне мажите и жените се најмногу хемиски избалансирани и усогласени во нивните потреби.

Во овој период кај жените има високо ниво на кортизол, што ја подобрува готовноста и значи дека тие во овој дел од денот имаат најмногу енергија.

Речиси во истото време од денот, машкото тело произведува зголемено ниво на естроген, што значи дека се „многу повеќе емоционално присутни“ за време на сексот.

Што се однесува до најдоброто време во месецот, според експертите тоа е околу 10-иот ден од овулацијата, поради намаленото ниво на естроген и тестостерон кај жените, што ги прави да се чувствуваат многу поприфатливо и да бараат задоволство.