Кое е омиленото чоколадо на секој хороскопски знак

Овните сметаат дека здравјето ќе ги служи само ако секој ден го започнат со коцка чоколадо. Припадниците на овој знак веднаш навалуваат на чоколадо и најчесто го јадат сами.

Биковите се страствени љубители на разни слатки, па и чоколади. Бикот купува две кутии чоколадо. Една за себе, една за друштвото, своето не сака да го дели.

Двојната личност кај близнаците бараат од сите задоволства да пробаат барем по две парчиња и на тоа нема смисла да се спротивставуваш. Припадниците на овој знак пробуваат помалку од секој вид чоколадо кој ќе им се понуди.

Големата страст на  раковите се кикириките, а опсесија им е чоколадото. Често се будат навечер и го „вознемируваат“ фрижидерот. Раковите чоколадото го сакаат повеќе од сѐ, така што слободно можете да им пратите наместо бакнеж.

Лавовите се познати гурмани. Нивната идеална вечера завршува со најфини слатки од чоколадо, кое не сакаат да го делат со никого.

Девиците чоколадото го јадат со вилушка и нож и  се придржуваат до правилата дека во огромни количини ништо не е здраво, па јадат само малку.

Ако на вагата ѝ подарите чоколадо тогаш  не бидете штедливи. Тоа ќе остави впечаток. Сепак, Вагите неможат да се одлучат дали да јадат или не. Поради својата линија, па земете и диетално за секој случај .

Скорпиите не можат ни чоколадо да изедат, а во тоа не ги вмешаат страста и еротичноста. Скорпиите мачкаат чоколадо по телото на партнерот и тогаш почнуваат да уживаат.

Стрелецот прво се присетува дека чоколадото е богато со магнезиум кој помага во борбата против зголемениот крвен притисок, а потоа купува од најскапите чоколади.

Јарецот  сака чоколадо и кога го бира, го бара најсовршеното. Освојте ги со совршено топло чоколадо.

Водолијата го прескокнува чоколадото, бидејќи ѝ е „подрага„ макробиотичната храна. А и поздрава е, барем според овој хороскопски знак.

Рибите уживаат во чоколадо со многу ориз. За припадниците на овој знак, чоколадото е и афродизијак – затоа кон неа пристапуваат со многу внимание и во одбрано друштво.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.