Кое ќе биде името на второто кралско бебе?

Најголемите фаворити за името на второто бебе на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, можни имиња и дефинитивни аутсајдери.

Уште само неколку недели и кралското семејство од Англија ќе добие нов член, второто дете на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон. Полот на бебето не е познат за јавноста, па затоа Британија прогнозира и за машки и за женски имиња. Џејмс, Џефри, Дејзи и Дајана се меѓу најпопуларните. Типовите не се однесуваат само на името, туку и на полот, датумот на раѓање, денот од неделата кога детето ќе се роди, како и за родилната тежина.

Исто така, луѓето може да се обложуваат дали војвотката носи едно бебе или пак близнаци, па дури има и за тројка. Кој ќе го држи бебето во раце кога ќе излезат од болница? Каква боја фустан ќе носи Кејт? Опциите за бои се сина, розова, портокалова, кафена, а оние кои ризикуваат ќе ја погодуваат и должината на фустанот, над колена или под колена.

Покрај Џејмс, Џефри, Дејзи и Дајана, омилени имиња на луѓето за кралското второ бебе се и Шарлот, Елизабет, Алис, Викторија или Александра, доколку принцот добие сестра. Доколку, пак, бебето е машко, во игра се Хенри, Артур и Алберт. Целосни аутсајдери се имињата Винстон, Ромео, Најџел, Вејн, Борис и Олимпија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.