понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 77

Ќофте на германски начин

Подгответе го овој специјалитет на германските готвачи.

kjofte

Поврзани вести

Подгответе го овој специјалитет на германските готвачи.

Состојки:

300 грама мелено говедско месо без маснотии

300 грама мелено свинско месо

100 грама ситно исечкан кромид

Путер и маргарин за пржење

2 децилитри млеко

2 парчиња двопек

15 грама сечкани инчуни

2 јајца

Сол, бибер

Подготовка:

Испржете го кромидот, а двопекот натопете го во млекото, па потоа сите продукти ставете ги во компактна маса и правете ќофтиња од околу 30 до 40 грама. Малку пропржете ги и ставете ги на салфета за да се впие мрснотијата.

Сос:

50 грама путер, 60 грама брашно, 1 литар вода, 10 грама ситно исечкани инчуни, 75 грама копар, оцет од бело вино по вкус, сол и бибер…

Стопете го путерот, на него пропржете го брашното па додадете вода и проварете. Зачинете со инчуни, копар, оцет, сол и бибер. Полека во сосот ставете ги ќофтињата и варете ги уште 15 до 20 минути.

Најчитани вести