Свет

Кога Британците официјалното ќе излезат од ЕУ?

Кога Британците официјалното ќе излезат од ЕУ?
Висок извор на Европската унија денеска ги брифираше новинарите-дописници во Брисел за се што ќе следи како правно-политичка-финансиска рамка во односите на Европската унија и Велика Британија во следните две години до официјалното излегување на Британците од Унијата, пишува МИА.
Најпрво Европскиот парламент на вонредна седница на 28-ти јуни ќе гласа за резолуција што ќе биде анализа на резултатите од британскиот референдум и начинот како да се оди напред, а потоа започнуваат правните заврзлами околу начинот на истапување на Обединетото Кралство од Унијата.

 Според изворот од официјален Брисел, сега најпрво е потребно за Британија да го активира членот 50. од Лисабонскиот договор, па по таа т.н. нотификација започнува да тече временскиот рок од две години за конечен и официјален излез на Велика Британија од Европската унија. А, се до овој официјален момент, Британците остануваат целосно во рамки на целиот систем на Унијата.brexit-flag
Договорот е јасен, Обединетото Кралство останува земја-членка на ЕУ со сите права и обврски до моментот кога повлекувањето ќе стане активно. Како член на Европскиот совет и Советот на Унијата, за Британија, Лисабонскиот договор прави еден исклучок членот 50., параграф четири, каде се вели дека „земја членка нема да учествува во дискусија во работата и одлучувањето на Советот само за тема која се однесува на нејзиното напуштање на ЕУ“. Инаку, Британците може да учествувата на сите други состаноци – посочува изворот од Унијата.
Во однос на актуелниот еврокомесар од Британија, Џонатан Хил, финансиска стабилност и финансиски пазар и сите вработени во ЕУ-институциите како Британци, тој вели дека има различен пристап во договорите на Унијата.

 Што се однесува до комесарот, нормалните правила од договорот се дека тој останува на позицијата до моментот кога повлекувањето на неговата држава од ЕУ ќе стане официјално, а дотогаш комесарот од британска националност останува. Што се оденсува до вработените во институциите на унија, кои се официјални лица на ЕУ, тие се офицјални лица и како такви се вработени, а не по националност – наведува ЕУ-изворот.
Од ЕУ денеска потврдија и дека англискиот јазик ќе остане како еден од 24-те официјални јазици што се говорат во Европската унија и по излегувањето на Велика Британија и тоа од причина што истиот е втор официјален јазик во Ирска, земја-членка на Унијата.
 Во однос на англискиот јазик, се разбира, тоа е официјален јазик во ЕУ во моментов и засега има една земја-членка што го има како прв официјален јазизк поради што ќе биде повлечено кога истата ќе ја напушти Унијата. Но, има уште една земја-членка што го има англискиот како втор официјален јазик, а таа останува во ЕУ – посочува ЕУ-изворот за МИА.
Доколку поинаку не се договори со Велика Британија на ниво ЕУ – трета земја, можно е и сите ЕУ-институции и агенции во Британија да бидат повлечени, иако финансискиот пазар е прво нешто што ќе се дискутира во рамки на преговорите за излез на Британците. Во секој случај, Европската унија очекува Британија многу брзо да поднесе официјално активирање на членот 50. од договорот за напуштање на Унијата, за да може час поскоро да започнат преговорите и пазарот да не го почувствува толку силно излезот на Обединетото Кралство од Унијата.

Од Брисел, денеска потврдија дека засега останува одлуката на Европскито совет за Велика Британија да го предводи претседателството со Советот на унијата од јуни идната година, доколку дотогаш оваа држава е се уште членка на ЕУ.
 Две години по нотификација за напуштање, Велика Британија повеќе нема да биде членка на ЕУ и ниту едно право и правило на Унијата повеќе нема да се однесува на неа. Европскито парламент, како и парламентите на преостанатите 27. земји-членки на Унијата ќе мора да дадат согласност за договорот за повлекување, што е во линија со меѓународните договори на ЕУ – наведува изворот на ЕУ на крајот.