Кога е најдобро да се стане мајка?

Од година во година се повеќе расте бројот на жени кои за мајчинство се олучуваат во зрели години. До неодамна во акушерството се користеше терминот „старородка“, за жени кои своето прво бебе го раѓаат после триесетатта година од својот живот. Денеска, тој термин повеѓе не се користи, а од гледиште на современата медицина, за „задоцнето“ мајчинство се смета првото породување кај жени постари од 35 години.

Објаснување за оваа тенденција може да се најде во тоа што жените прво  студираат, потоа  градат кариера за да стекнат некоја материјална сигурност. Но, исто така како причина се наведува и економската ситуација, падот на животниот стандард, високата невработеност и  нерешеното станбено прашање кај младата популација.
Постои уште една причина, а тоа е дека се’ повеќе се намалува бројот на сосема здрави жени кои без никакви проблеми можат да затруднат и да родат бебе. Така што веќе ни годините не се толку битни, колку што е важно здравјето на жента, бидејѓи понекогаш  млади девојки имаат повеќе проблеми со здравјето од жени кои се постари од 35 години.

Се смета дека во змјава секој шести пар има проблеми со плодноста.

m1

Најдобро време за раѓање

Со влегување во триесетатта година, на женте им опаѓа плодноста, па на жените кои имаат повеќе од 35 години потешко зачнуваат. Истото важи и за мажите. Поаѓајќи од биолошките критериуми, се смета дека за жените најдобро време за раѓање е помеѓу 20. и 29. година. После тоа овулациите се поретки, се менува хормонскиот статус, се намалува реагирањето на матката на хормоните,  а јајце клетката старее. А, утврдено е и дека ризикот од хромозомската патологија, особено во поглед на „Дауновиот синдром“ значително се зголемува со староста на мајката. При тоа не е битно, дали на жената тоа и е прво или трето дете. Освен тоа, по 35. година се зголемува и ризикот од појава на вонматерична бременост, како и компликации како што се предвремено породување, надносеност, предвреме истекување на плодовата вода. Најчесто, старите првородки се породуваат со царски рез. Породувањето на постарите мајки, знае да го искомпликуваат и разни болести, како проблеми со срцето, згоелмен притисок или дијабетис. Жените кои го раѓаат првоот бебе после 35. година често имаат проблеми и со доењето, па се принудени да го дохрануваат новороденчето или сосема да преминат на вештачка храна.

Статистиките говорат  дека можноста за забременување од 35. до 40. година се редуцира до 33 отсто, а после 40. година, индексот на фертилноста опаѓа до 87 отсто.  На возраст над  44 години можноста за забременување и со помош на инвитро опаѓа под 2 отсто.
Сепак, многу жени постари од 35 години успеваат со психофизички подготовки да забременат, придржувајѓи се кон стручно  одбрани диети, вежбање и воспоставување на емоционална рамнотежа.

m

Предности на подоцното мајчинство

Една од главните предности на доцното мајчинство е фактот дека жените помеѓу 35. и 40. година, по правило плански го раѓаат своето прво бебе кои го очекуваат со огромна радост , а не го доживуваат како обврска. Како последица на тоа, според некои истражувања, децата на помлади мајки се послабо развиени во психоемоционален поглед од децата на постари мајки со проблематична, а често и патолошка бременост. Образложението е дека на тие деца им се пружа многу повеќе внимание и време, зашто се дојдени на овој свет со многу мака и одрекнувања.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.