петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 60

Кога е време за крај на врската?

Ако имате чувство дека нешто не е во ред, големи се шансите нешто навистина да не е како што треба.

Кога е време за крај на врската?

Кога е време за крај на врската?

Поврзани вести

Понекогаш е навистина тешко да процениме дали врската во која се наоѓаме е добра или пак станува збор за навика, која не сакаме да ја промениме.

Ако имате чувство дека нешто не е во ред, големи се шансите нешто навистина да не е како што треба.

Овие знаци јасно покажуваат дека вашата љубов преминала во нешто сосема друго и дека време е да ставите крај:

1. Цело време се расправате

Сите нормални парови имаат кавги, но ако се расправате поради фактот што вчера сте имале кавга, веројатно веќе не можете да се поднесете и не знаете друг начин на решавање.

2. Нема секс

Или истиот станал дел од рутина. Сексот не мора секогаш да биде страстен, но ако имате чувство дека само вие за истиот сте заинтересирани, време е да размислите што се случува.

3. Депресивни сте

seks1

На заљубените парови не им треба многу да бидат среќни. Но, овие другите кои го изгубиле тоа чувство, често мислат дека нивниот живот се претворил во досадна приказна од која не можат да пронајдат излез.

4. Размислувате за други луѓе

Сосема е нормално да помислите на некоја друга личност која ви се допаднала, но ако не можете истата да ја извадите од глава, тогаш време е да се запрашате дали во вашата врска сѐ е во ред.

Најчитани вести