Магазин

Кога импресионирани странци ја опишуваат Македонија… (ВИДЕО)

Кога импресионирани странци ја опишуваат Македонија…   (ВИДЕО)
Кога импресионирани странци ја опишуваат Македонија...

На Јутјуб се појави видео снимка со десет интересни факти за нашата земја што, презентирни од американско момче.
Стефан Фул на Ју тјуб објавува видеа со интересни факти за другите земји, а овој пат тој говореше за Македонија.

Накратко ова се десетте факти што тој ги споменува.

      1. Од сите поранешни југословенски републики Македонија е единствена која се стекна со независност по мирен пат;
      2. Охридското езеро е најдлабоко и најстаро езеро во цела Европа;
      3. Мајка Тереза е родена во Скопје;
      4. Според НАСА опсерваторијата во Кокино е четврта по ред најстара опсерваторија во светот;
      5. Македонија има најмногу планини и планински врвови во светот;
      6. Во Македонија не се користат помали парични деноминации од 1 денар;
      7. Иако најголемиот број земји во светот ја признале земјата како Република Македонија, во ОН таа сеуште се води како ФИРОМ;
      8. Пештерата Пешна во Македонски брод, наликува на пештерата од филмот „Господар на прстените“;
      9. Најголемиот освојувач во светот познат како „Александар Велики“ или „Александар Македонски“ се вика така, затоа што бил роден на територијата на земјата што се вика Македонија;
      10. Опиумот што доаѓа од Македонија има најголем квалитет во светот.