Кога ќе ја ставите главата во уста на гризли… (ВИДЕО)

Тренерот на мечки,  Даг Сиус, е  човек кој без проблем игра и се бори со гризли. Негова „специјалност“ е ставање на главата во устата на мечката.

Даг и неговата сопруга Лин, имаат ранч во долината на Хевер, Јута, каде што живеат со своите ччетири мечки.

Скротувањето на мачките ја прави нивната работа импресивна, но и позната. Тие имаат работено заедно со повеќе холивудски ѕвезди, вклучувајќи ги и Бред Пит, Џенифер Анистон и Еди Марфи.
Една од мечките глумеше во хит серијата „Game of Thrones“ (Игра на престоли).

Мечките се, исто така, амбасадори на добротворна организација на Даг и Лин, која е од витално значење за земјата, и која им помага да се заштитат пределите кои ги користат гризли мечките, но и на диви животни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.