Кога се пукаше во Јегуновце, Јанкулоска ја криевме во објект

Поранешниот шеф на обезбедувањето на екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска како сведок во случајот „Тенк” пред судот тврдеше дека возилата за кои тој бил одговорен често се расипувале.

Во 2011 на средба на Јанкулоска со граѓани во општина Јегуновце имаше судир помеѓу криминална банда и МВР се најдовме во средина на тоа препукување. Морав да реагирам, но бидејќи немавме блиндирано возило, Јанкулоска ја сместивме во еден објект. Наредив што поскоро да се обезбеди блиндирано возило. Ова траеше околу еден час за да можеме да ја сместиме тогашната министерка и да се вратиме во база, сведочеше поранешниот шеф на обезбедувањето на Јанкулоска.

Сведокот кој од 2002 работел во МВР пред судот рече дека на возилата кои се користеле за возење на функционерите, но и за странски делегации често им откажувале сопирачките, амортизерите. Според тврдењето на сведокот поправката на расипаните возила траела и со месеци, па се снаоѓале од возилата за превоз на ВИП личности.

Сведокот ја затекнал и набавката на новиот мерцедес кој бил сменет за делегации и ВИП лица. Кој точно го користел ова возило сведокот не знаеше да каже.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.