Македонија

Кога се во прашање парите од СОРОС, Героски не бира средства за да ги оправда

Кога се во прашање парите од СОРОС, Героски не бира средства за да ги оправда

Соросовите експоненти незнаејќи повеќе како да продолжат со манипулациите самите се фаќаат во конструирани измислици и самите се негираат и демантираат, објави порталот „Курир“

Откако Зоран Заев денеска ја објави 29-тата бомба поврзана со случајот Мартин Нешковски, на порталите финансирани од соросовата фондација масовно почна да се шири повикот за протест пред Владата.

Опозициските портали како и многу пати досега кога се организираат опозициски протести, така и овој пат се обидуваат максимално да манипулираат, што конкретно покажува примерот на Плусинфо и главниот медиумски стратег на СДСМ, Бранко Героски.

Имено, Героски и Плусинфо најпрво објавуваат дека граѓаните ја урнале оградата пред Владата, за веднаш потоа самите да се демантираат дека оградата не била урната, туку  како што пишуваат, полицијата му дозволила на народот да влезел во Владата.

-Полицаев ја тргнаа заштитната ограда од пред владата и им дозволи на граѓаните да се доближат до пред зградата на владата, пишува Плусинфо само неколку минути откако претходно објави дека граѓаните ја урнале оградата.

Бранко Героски очигледно не бира средства како да ги оправда финансиските средства добиени од Соросовата фондација за очигледно да подбуцнува и поттикнува вакви настани, притоа манипулирајќи со текстови преку кои самиот се фаќа во лага.