Кога сте на гости: Овие 8 работи не треба да ги допирате

Кога вие сте домаќин сакате вашите гости да се чувствуваат во вашиот дом како во своја куќа, но кога сте гостин веројатно се воздржувате во домот на домаќинот и се придржувате до некои основни правила. Без разлика на тоа колку домаѓинот е гостопримлив сепак постојат некои работи што не би требало да ги допирате…

Исто така, добро би било на овие правила да ги научите и вашите деца ако веќе доволно пораснале па почнале самите да одат на гости кај другарчиња.

Ладилник – Тоа што сте слободни и опуштени во нечиј дом е убаво и пријатно, но само во раните студентски денови е прифатливо да го отварате ладилникот кај најдобрата пријателка и да се послужите со сладолед и тоа ако сами сте го донеле. Во сите други случаи, основно правило е дека мора да чекате домаќинот да ве послужи, па дури и ако сте во мошне срдечни односи.

kujna

Термостатот на печката или на клима-уредот – Можете љубезно да домаќинот да му кажете дека ви е премногу топло или студено, но не е вкусно да се обидувате да ја промените температурата во нечиј дом без прашања.

Компјутер – Немојте никогаш да пријдете до компјутерот на домаќинот без прашање, затоа што можеби нему не би му било удобно поради приватните податоци или едноставно несака кога некој ги користи неговите лични работи. Ако компјутерот ви е итно потребен, прашајте го домаќинот и тој сигурно ќе ви овозможи пристап под услови што за него се прифатливи.

kompjuter

Далечински управувач – Воопшто не е вкусно во нечиј дом сами дља го менувате каналот на телевизорот, освен ако домаќинот не ве праша што би сакале да погледнете или не ви го препушти далечинскиот управувач вам.

televizija

Домaшни миленичиња – Иако сакате животни, немојте без прашање да ги допирате домашните миленичиња. Вие не го знаете темпераментот на тоа животно, а ниту дали сопственикот сака некој да му го допира миленичето без прашање.

Немојте сами да ја истражувате куќата – По сите правила не е културно сами да шетате во просториите во домот на домаќинот, освен ако не сакате да влезете во тоалетот, а и тогаш треба да го замолите домаќинот да ви покаже каде се наоѓа тоалетот.

Кревет – Ако станот е мал па во истата просторија има и кревет и место за гости секогаш седнете на фотелја или на столче. Само ако нема друг слободен простор, прашајте го домаќинот дали може гостите да седат на креветот, а веројатно е дека и тој самиот ќе ве замоли така да се сместите.

Козметика – Ако во куќата нема гостинско купатило, туку сите користат едно, немојте да се служите со козметиката на домаќинот. Едно е да земете и да се послужите со сапунот, а за се друго, па дури иако се работи за крема за раце треба да прашате за дозвола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.