Кога жената ќе наполни 40: Правила за облекување за зрели дами со стил

Тоа што годините минуваат не значи дека во вашиот гардаробер треба да се всели монотонијата – постои прикладна и модерна облека за секоја доба во животот.

Кога жените ќе ја поминат 40-тата година одредени стилови треба да се препуштат на помладите дами и да избирате нешта што тогаш повеќе ќе ви одговараат. Секако со овие години вашиот стил не престанува, но можете да се прилагодите така што ќе го извлечете на површина најдоброто на вас, а лукаво да го прикриете она на што не сте горди.

Секако тука се грешките што би требало задолжително да ги избегнете. Еве до кои совети треба да се држите кога станува збор за облеката:

  1. Прилагодете ја облеката на вашата градба
  2. Изберете ја вистинската должина на здолништето, ниту премногу долго, ниту премногу кратко
  3. Немојте да носите неудобни чевли
  4. Бирајте потемни фармерки со тесен крој
  5. Не претерувајте со накитот
  6. Додадете бои, носете облека во разни бои
  7. Обрнете внимание на градникот