Кога жените најлесно доживуваат оргазам?

Едно ново истражување покажува дека жените за време на сексот без обврски со случаен партнер речиси двојно поретко доживуваат оргазам отколку за време на секс со партнерот во сериозна врска.

Студијата спроведена од Џастин Гарсија, научен соработник на Кинси Институтот за истражување на сексот, во која учествувале 600 жени, покажува дека врските за една вечер многу често завршуваат без оргазам за жените без разлика дали се работи за полов или орален секс.

Неговите резултати беа презентирани од претставниците на Државниот Универзитет на Њујорк за време на Интернационалната академија на истражувања за сексот и Асоцијацијата за физиолошка наука.

„Со случајните партнери жените не се чувствуваат доволно сигурно и опуштено, па често не кажуваат што точно сакаат“ – вели социологот Паула Инглнд.

Во текот на студијата било откриено дека околу 40 проценти од жените и 80 процени од мажите доживеале оргазам во текот на последниот сексуален однос со партнер за една вечер.

Споредено со тоа, дури 75 проценти од жените велат дека доживеале оргазам при сексот со својот постојан партнер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.