„Коха“: Командант Соколи, Бег и Малишева се предале на полицијата

Сами Укшини, познат како командант Соколи, Бег Ризај, Дем Шеху и Мухамет Красниќи, командант Малишева се четворицата кои во саботата вечер и се предале на полицијата после 16 часовни битки, објавува Коха.

Како што тврдат извори на Коха од Министерството за внатрешни работи Мухамед Јусуф – Малишева е повреден.

Косовскиот  портал  Бота Сот вчера објави соопштение во кое одговорноста за нападот ја презема ОНА. До сега за нападот во Гошинце единстевн кој се идинтификуваше одговорен е извесен Мирсад Ндрецај познат како командант НАТО.

Инаку, во 2001 година, сите горенаведени лица беа борците на ОВК во регионот на Липково.

фото: Коха.мк