Кои биле најпознатите масони во историјата?

Некогашната тајна листа со податоци за два милиони масони во историјата сега ќе биде објавена на Интернет и со тоа ќе биде откриено влијанието на ова организација врз општеството.

Членови биле Оскар Вајлд, Киплинг, Војводата од Велингтон, а се зборуваше дека и пејачот (Мајкл Мејбрик) за кој постојат сомневања дека всушност е Џек Трбосек, бил ослободен бидејќи бил масон.

На листата се најдоа и сер Винстон Черчил, Едвард VII, Џорџ VI, Едвард VIII, истражувачот Ернест Шеклтон и капетанот Роберт Фалкон Скот, научниците Едвард Џенер и сер Александер Флеминг.

Кога станува збор за овие простори, познати масони биле Вук Стефановиќ Караџиќ, Петар Петровиќ Његош, Доситеј Обрадовиќ, кралевите Александар I и Петар I Караѓорѓевиќ, Стеван Мокрањац, Стеван Сремац, Михајло Пупин, Иво Андриќ и многу други.