Кои делови од Скопје денеска ќе бидат без вода?

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје информираат дека поради дефект на водоводна мрежа на улица Тодор Чангов крак 52, бр.1а, без водоснабдување се корисниците од истоимената улица од 00:30 часот ноќеска. Дефектот се очекува да биде саниран денеска.

Поради промена на неповратен вентил профил ф-150 милиметри во Пумпена станица Водно, без водоснабдување ќе останат корисниците од населбата Водно од 8 до 16 часот.

Поради изведување на водоводен приклучок  профил ф-100 милиметри на улица Дебарца брoj 37, без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците Дебарца, Отон Жупанчиќ, Радњанска и Раде Кончар од 9.30 часот па се’ до изведување на истиот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.