Кои хороскопски знаци се најлуди возачи?

Огнените знаци: Овен, Лав и Стрелец возат брзо и скапо

Овенот воглавно ќе избере автомобил во црвена боја, спортски модел или оној во кој што може да вози брзо. Овните не трошат премногу пари на автомобили, но сакаат да возат колку што е можно поквалитетно. Сакаат и автомобили што не се преголеми и што може лесно да се паркираат.

Лавот нема да штеди на автомобили. Тоа не е само превозно средство туку симбол на статус. Ако се во можност, Лавовите ќе купат некое луксузно возило, лимузина.

Стрелецот кога купува автомобил има низа барања, како и Лавот. Сакаат да возат автомобил што може добро да послужи во сите пригоди, па затоа купуваат големи модели, но силни, што може да возат брзо. Сакаат темно лилави или тегет модели.

Земјените знаци: Бик, Девица, Јарец – возат удобно и полека

Бикот ќе избере семеен автомобил, а ако станува збор за жена, тогаш ќе избере класичен женски модел. Сакаат автомобили со впечатливи бои, па ќе ги гледате во зелени, жолти, циклама модели.

Девицата сака удобни модели, згодни за паркирање и несака да троши премногу пари за тоа. Тоа за неа е само средство за превоз.

Јарецот го бира само најдоброто, но не избрзува туку добро ќе се распраша пред да купи било што. Воглавно бира автомобил во кафена, окер или темно сива боја и не ги менува често моделите.

Воздушните знаци: Близнаци, Вага и  Водолија – возат остро и ново

Близнаците воглавно ќе изберат спортски автомобил. Најверојатно кабриолет или двосед. Ним им е важно да може лесно да се одржува, затоа што не сакаат обврски околу автомобилот.

Вагата ќе избере некој нов, убав модел. На вагите им е поважен изгледот, отколку функциите на автомобилот. Сакаат луксуз исто како и Лавот, но ќе им биде важно се да изгледа преубаво, уредено во нивните омилени бои. За нив добар избор е сивата или сребрената боја на автомобилот.

Водолијата ќе избере спортски авотмобил. Важно е да биде брз и да биде од понова генерација. Не сакаат големи автомобили, а бираат возило во сина или сива боја.

Водените знаци: Рак, Скорпија, Риби – возат полека и господски

Раковите ќе изберат семеен автомобил. Тоа им одговара затоа што тие секако планираат да имаат семејство, ако веќе го немаат, а го сакаат комфорот што им го пружаат таквите модели. Најважно им е багажникот да биде голем, а бојата може да биде сина или бела.

Скорпијата ќе избере автообил што е стабилен, по сите истражувања да покажува добри одлики, а ако купуваат поволен автомобил, ќе ги проверат сите податоци повеќе пати, додека не се уверат дека се е во ред. Омилена боја им е бордо или црна.

Рибите сакаат удобни возила. Уживаат во возењето. Важно им е да може да одат на некое подолго патување. Сакаат модели што имаат темни стакла и добро озвучување. Рибите ќе изберат зелен или темно син модел, но бојата не им е толку важна, туку тоа автомобилот да им го пружи целиот комфор.