вторник, 27 јуни 2017  |  Вести денес: 52

Кои мажи сакаат мали, а кои големи женски гради?

Мажите со низок социо-економски статус сметаат дека големите гради се попривлечни.

gradi-681x491-810x584

Поврзани вести

Она што влијае на вкусот на мажите кога станува збор за нивниот избор на женски гради е и тоа колку пари заработуваат! Психолозите Вирен Свами и Мартин Џеј Тове извеле два експерименти за да видат на кој начин економскиот статус на мажите влијаат врз нивниот вкус за поголеми или помали гради.

Првиот експеримент вклучил 266 мажи со различни примања од сите општествени класи – ниска, средна и висока. На секој испитаник му биле покажано анимирани женски фигури со различна големина на градите. Тие потоа ги оценувале со оцени од еден до пет врз основа на степенот на привлечност на одреден тип.

Се воспоставило дека мажите со низок социо-економски статус сметаат дека големите гради се попривлечни. Во вториот експеримент сакале да потврдат дали гладот влијае на тоа дали се посклони на големи или мали женски гради, со оглед на тоа дека градите се асоцијација на породување и на деца.

Тие искористиле по една група гладни и сити мажи, на кои пак им покажувале анимации од различни големини на женски гради. Мажите што ги гледале овие анимации со празен желудник биле воодушевени од бујното женско деколте, за разлика од оние што дошле сити и сметале дека помалите гради се попривлечни.

Значи, од овие експерименти може да се заклучи дека мажите со плиток џеб претпочитаат големи женски гради, додека мажите со повисоки примања претпочитаат помали гради.

Најчитани вести