Кои прашања требаа да му бидат поставени на Заев?

Опозицискиот лидер Зоран Заев вечерва гостуваше во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М телевизија, која ја води еден од главните опозициски новинарски мегафони Мухамед Зекири, а во која јавноста очекуваше одговори на прашања кои се најактуелни во врска со случајот „Пуч“ во кој Заев е осомничен.

Јавноста не ги доби потребните одговори, бидејќи новинарот Зекири не ги постави прашањата. Интервјуто помина тивко и безначајно, освен тоа што Заев кажа дека планира објавувањето на незаконски стекнатите материјали да заврши за 30-45 дена и повтори уште неколку излитени тези со кои повторно неколкукратно се демантираше од она што претходно го има кажано.

Јавноста не слушна ништо за што бара одговори. Зекири или немаше храброст да го праша Заев за најбитните прашања, поради што се јавува сомнеж дека можеби Заев поседува материјали и за Зекири, или во стил на новинарите на Милошевиќ од 90-тите поставуваше безлични прашања во функција на партиска пропаганда на СДСМ и противниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Дека Зекири е дамнешен промотор на ширење на омраза кон вмровските политики е познато, но овој “голем борец за слобода и демократија” можеше барем да ги постави следните прашања за кои јавноста не доби одговор.

1. Дали некаде во светот премиер вади работни визи,како што вика Заев?

2. Каква работна виза може да се издаде за разузнавач како Верушевски, како што Заев вика дека странскиот премиер ургирал да се добие?

3. Зошто Заев по неколкукратно негирање призна дека со Верушевски имал средби и му пишувал писма?

4. Како е можно Заев самиот да преслуша материјал од наводни разговори за наводни 20000 граѓани ,кога за тој процес по тие бројки што ги кажува Заев се потребни 29 години доколку сам ги слуша разговорите?

4.Зошто Заев во последните неколку дена неколку пати самиот себе се демантираше и потврди дека лаже?

5.Дали не е закана и уцена позицијата на Заев дека ќе дава папки со разговори на граѓаните?

6.Дали некаде во Европа е дозволено јавно објавување на неовластени стекнати разговори?

7.Дали може некој јавно да објави материјали за Зекири?