Кои се десетте најстресни професии?

Листата на најстресни работни места зависи од повеќе фактори. Некои од нив се физичкиот напор и физичката загрозеност, потоа можноста за напредување, кратките рокови, патувањата, работното окружување, увидот на јавноста во вашата работа, конкуренцијата и можноста дали од вас зависи спасувањето на вашиот или туѓиот живот.

Сите работни места кои што се најдоа меѓу налјошите професии во САД од вкупно 200, колку што биле опфатени во истражувањето на CareerCast.com бараат снаодливост во стресни ситуации и подразбираат работа во кратки рокови и физичка загрозеност, понекогаш и заради нарушувањето на здравјето кое доаѓа само по себе деколку имате навистина стресна професија.

10. Полицаец

На десеттото место на најлоши професии се најде полициската. Полицајците мора да кршат врати иако незнаат што ги чека зад нив, што со сигурност го крева прититсокот, пишува Career Cast. Исто така на полицајците им се заканува и смртната опасност додека се грижат за јавната безбедност, мора да се придржуваат и до високите професионални стандарди. Шансите за напредување се проценети на 7 отсто, а просечната плата изнесува околу 55 010 долари годишно.

9. Таксист

Ниските примања, потенцијално непожелното работно време, односно ноќните смени и изложеноста на опасност се главни причини зошто возењето такси се смета за една од најстресните професии. Таксистите најчесто се жртви на грабежи. Тие заработуваат годишно околу 22 440 долари, а шансите за напредување изнесуваат околу 20 отсто.

8. Новинар

Редакциите низ САД го намалуваат бројот на вработени и бараат од преостанатите новинари да работат уште повеќе за помалку пари, но и да бидат мајстори во совладувањето на новите технологии. Тоа дополнително ги изложува на стрес на работното место, кое и онака само по себе носи огромна одговорност, поради работењето во кратки рокови и под лупа на јавноста. Верувале или не, новинарите заработуваат околу 36 000 долари годишно, а шансите за напредување се минус шест отсто.

7. Фоторепортери

Фотографиите на кои ги гледаме природните катастрофи и војните доаѓаат до нас благодарение на бестрашните фоторепортери. Ова се опасни ситуации, а тие немаат можност за бегство затоа што фотографирањето на најлошото во опасните ситуации е нивна главна задача. Мал број од фоторепортерите може да заработат голема сума пари, но просечните плати се ниски. Фоторепортерите заработуваат просечно околу 29 130 долари годишно, а шансите за напредување се околу 13 отсто.

6. Виш извршен директор во корпорација

Во тешките економски ситуации, непредвидливоста на пазарот ги предизвикува корпорациите и луѓето што ги водат. Директорите во корпорациите се јавни личности во тие компании и им одговараат на инвеститорите, членовите на управните одбори, вработените и јавноста. Заработуваат околу 101 000 долари, а шансите за напредување се околу 14 отство.

5. Менаџер во односи со јавност

Тие се мајстори за контрола на штетите и присилени се да размислуваат и да дејствуваат брзо додека се под стрес. Професијата е изложена пред очите на јавноста и исто така е едно од оние која најмногу ги привлекува студентите, што го отежнува пронаоѓањето и задржувањето на добра и стабилна работа. Во просек, тие земаат плата околу 57 550 илјади доалри годишно, а шансите за напредување се 21 отсто.

4. Пилот во приватна авионска компанија

Стравот од летање е една од најчестите фобии и покрај сите напори летањето да се направи посигурно, затоа што постои реална опасност од смртта. Целата сигурност е во рацете на пилотите, затоа што само искусните и смирени пилоти се способни да им пружат чувство на заштита на патниците. Притоа пилотите поминуваат голем дел од времето далеку од семејството. Заработката изнесува 92 000 долари, а шансите за напредок се 11 отсто.

3. Пожарникар

Во 2011 година настрадале 81 пожарникари во САД, а во 2012 вкупно 77, што значи дека ова е една од најопасните професии. Пожарникарите често работат во смени од 48 часа, што придонесува за честата смртност и тешко го оптоварува нивниот семеен живот и емотивната состојба. Шансите за напредок се 9 отсто, а годишно заработуваат во просек околу 45 илјади долари.

2. Генерал

Генералот ја одредува тактичката стратегија во борбата која директно влијае на успехот на воените мисии и сигурноста на војниците. Со оглед на хаосот во светот и долгогодишниот воен ангажман на САД во Авганистан, генералите кои донесуваат одлуки се под голем стрес. Нивното напредување зависи од нивниот моментален ранг, а просечната плата им е околу 196 000 долари годишно.

1. Војник

Опасностите на кои е изложен војникот во време на војните се подразбираат сами по себе. Но, дури и за време на мир нивна задача е да учествуваат во голем број исцрпувачки акции, како што е пружањето помош за време на природни катастрофи. Можноста за  напредување зависи од голем број фактори, па не е можно да се генерализира, а годишната плата се движи околу 42 000 долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.