Кои се мистериозните патници во армискиот хеликоптер? (Втор дел)

Поради големиот интерес во јавноста околу расипништвото на раководните лица на Министерството за одбрана, односно одење од кафана до кафана со армиските транспортни хеликоптери, одлучивме да направиме мало истражување кои се лицата од кабинетот на Шеќеринска кои за десерт си порачаа панорамски лет со армиски хеликоптер.

Па така, по внимателно прегледување на снимките и добиени информации од извори од министерството за одбрана, го откриваме идентитетот на уште еден од мистериозните патници.

Станува збор за Катерина Ставреска, шеф на кабинет на министерката Шеќеринска, и според нашите информации нејзина блиска другарка.

Како што може да се види од следниве фотографии, освен што е љубител на панорамски летови со хеликоптер на грбот на граѓаните, може да се види дека Ставреска ужива и во бројните патувања во странство откако стана кабинетски службеник во Министерството за одбрана.

Од посетените дестинации, тука е секако неизбежниот Вашингтон, и секако сместувањето во хотелот „Hilton“, потоа Брисел, Батуми во Грузија, но и многу други.