Кои се најбогатите српски естрадни ѕвезди?

Вртоглави хонорари, кои достигнуваат и по десетици илјади евра за само еден настап, им овозможуваат на српските естрадни ѕвезди луксузен живот, а тоа што најголемиот дел од нив затајуваат данок на заработените баснословни суми, само им го зголемува капиталот, пишува белградскиот весник „Курир“ во своето денешно издание, пренесува Нетпрес.

„Затоа воопшто не треба да чуди тоа што многумина од нив уживаат во својот движен и недвижен имот и во луксуз каков што може да се види само на филм.

Меѓу најбогатите српски музички ѕвезди секако се вбројуваат Светлана Цеца Ражњатовиќ, Здравко Чолиќ, Горан Бреговиќ, Саша Поповиќ, Лепа Брена и Аца Лукас, а за она што се’ стекнале во својата кариера сведочат нивните бројни недвижности, автомобили, скапа гардероба, како и многу други работи на кои ги трошат своите пари“, се вели во текстот.

ceca

Цеца настапува за 100.000 евра!

Светлана Ражњатовиќ Цеца поседува велелепна куќа во белградската улица Љутица Богдан, на Дедиње, потоа скап деловен простор кој опфаќа приземје, кат, поткровје и гаражи, стан од 32 метри квадратни во белградска Бањица, студио, сплавот „Пеликан“, како и џипови и други автомобили. Цеца е една од најдобро платените српски пејачки – по настап наплатува од 50.000 до 100.000 евра.

– Вила во Белград
– Стан во Бањица
– Деловен простор
– Музичко студио
– Неколку џипови
– Сплав

aca-lukas

Аца Лукас купува станови

Аца Лукас, који по настап заработува од 5.000 до 10.000 евра, има стан во близина на белградска Арена, во кој до неодамна живеел. Се пресели во Вождовац, каде на име на неговата сопруга Соња купил стан во износ од 700.000 евра. На територијата на таа белградска општина Лукас поседува уште една недвижнина. Двајцата сопружници постојано се облечени во луксузна и скапа гардероба, а пејачот направи и сопствена модна линија, во рамки на која засгеа се произведуваат само маички, но има и многу други планови.

– Стан кај белградкса Арена
– Два стана во Вождовац
– Заработка од проджба на маици од негова сопствена модна линија

lepa_brena

Лепа Брена се вдомила насекаде по светот

Лепа Брена, која во времето на поранешна СФР Југославија беше најголема естрадна ѕвезда, сега по концерт заработува од 25.000 до 40.000 евра, а голем прилив на пари има и од продукциската куќа „Гранд“, но и од бизнисите со сопругот Боба Живојиновиќ. Покрај луксузната палата во Белград, во која живее овој брачен пар, тие поседуваат и недвижнини во зимскиот центар Златибор. Посебна атракција им е станот во Монте Карло, каде често одмораат, но и куќата во Мајами.

– Палата во Белград
– Куќа во Мајами
– Стан во Монте Карло
– Апартман на Златибор
– Косопственик на продукцијата „Гранд“

sasa-popovic

Саша Поповиќ „штанца “ капитал!

Саша Поповиќ како косопственик на „Гранд Продукција“, располага со голема сума на пари, а во тој капитал само од „Ѕвездите на Гранд“, секоја година се слеваат голмо количество на дополнителна заработка. Поповиќ поседува скапи и луксузни автомобили, а со семејството живее во голема и скапа куќа во близина на Лепа Брена. Покрај тоа, тој е голем вљубеник во патувањата, па така секој свој слободен момент го минува во Италија, каде често „снима“ каде би можел да купи уште некоја недвижнина.

– Луксузна куќа во Белград
– Богат и скап возен парк
– Косопственик на компанијата „Гранда“

zdravko-colic

Здраво Чолиќ побегнал во шума

Здравко Чолиќ исто така поседува убав и скап имот. Познатиот Чола, како една од најголемите ѕвезди на Балканот, имаше вила во Дедиње, но ја замени за нова со базен во близина на Кошутњак. Вредноста на неговата нова куќа е процента на околу 850.000 евра. Овој пејач, исто како и Цеца, од големи концерти заработува и по 100.000 евра.

– Луксузна куќа во Кошутњак
– Неколку скапи автомобили
– 100.000 евра заработка од еден концерт

goran-bregovic

Животот на популарниот Брега е песна!

Горан Бреговиќ е еден од најимотните музичари на просторите на поранешна Југославија. Тој може да се пофали со велелепна куќа во Белград, со сопствено музичко студио, но и со станови во Париз, Загреб и Сараево. Брега поседува и куќа на црногорското приморје, поточно во Бока Которска во местото Пераст. Поседува и стан во Белград, кој го изнајмува, имала мала јахта, скапи автомобили… Поради ова, не е воопшто чудно што честопати знае да каже дека за него парите се поезија. Одредени настапи тој наплатува и по 200.000 евра.

– Вила во Белград
– Куќа на море во Пераст
– Станови во Париз, Сараево, Загреб и Белград
– Музичко студио
– Јахта