Кои се најчести имиња во Македонија за 2015 ?

Изминатата година помина во знакот на неколку популарни имиња кои родителите им ги даваа на своите новороденчиња.

Меѓу женските бебиња најискористено беше името Мила, а Јаков беше најчестото машко име кое граѓаните во земјава го давале на своите новородени деца во текот 2015 година.

Меѓу најчестити имиња во изминатата година кај новородените женски бебиња се и Лана, Михаела, Сара, Јана, Софија, Дарија, Мелиса, додека кај машките деца најчести имиња кои ги давале се и Стефан, Филип, Дамјан, Даријан, Никола, Јован и Михаил.

Според податоците на Управа за водење матични книги во 2015 година како специфични имиња се јавуваат Денуција, Срна, Мевлан, Бисера, Фатма.

Стотина деца кои се родени лани добиле по две имиња.