Кои се најдобрите секс пози според мажите?

Секој кој имал сексуални односи има своја листа на омилени пози. Интересно е што и кај двата пола омилените пози најчесто се поклопуваат, но има и одредени специфики. Еве кои се омилените пози на мажите.

  1. Мисионерска поза

Мажите оваа поза ја окрактеризираа како најдобра за почеток. Со оглед на тоа што се гледате со вашата партнерка, оваа поза ви го дава тоа чувство на интимност. Тие изјавиле дека во оваа поза најдобро можат да го контролираат оргазмот, затоа што речиси секогаш ја применуваат. Тие оваа поза ја практикуваат воглавно со девојките кон кои имаат одредени чувства. Некои велат дека оваа поза е често неизвесна, затоа што може да биде одлична или очајна.

  1. Доги (Кучешка)

На мажите ова им е омилената поза. Тие велат дека кај нив го буди животинскиот инстинкт, но на добар начин. Оваа поза им е омилена затоа што во неа чувствуваат доминација над партнерката. Некои и ја карактеризираат и како поза со најдобар поглед врз партнерката.

  1. Таа одозгоре

Голем број мажи ја окарактеризираа оваа поза како одлична од повеќе причини. Најмногу поради тоа што не мораат да се грижат дали ќе ја повредат девојката на било кој начин, затоа што таа ја контролира ситуацијата. Омилена е затоа што рацете им се слободни, па може да и се препуштат на фантазијата.