Кои се најфотографираните локации во светот?

Сајтсмап (Sightsmap) е интерактивна мапа која ги покажува најчесто фотографираните популарни дестинации во светот.

 

Сервисот е базиран на податоци од интернет страницата за споделување на фотографии Панорамио, а го смислил професор по информатика од Естонија.

 

Мапата е поделена по бои, колку бојата е потопла, толку повеќе фотографии се направени на некое место.

 

Локацијата можете да ја истражувате со кликање на неа, со одбран максимален зум можете да дојдете до ниво на улици во одбраната локација.

 

Маркерите кои се наоѓаат на мапата ја бележат моментално најатрактивната локација на мапата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.