Кои се најголемите адути на Македонија за привлекување странски инвестиции

Добрите владини мерки и добриот пристап кон инвеститорите, одлични инфраструктури во технолошко развојните индустриски зони, сигурноста на инвестициите, ниските трошоци и даночните олеснувања, младата и талентирана работна сила. Ова се предностите на Македонија кои најчесто ги истакнуваат странските инвеститори, за одлуката да го прошират својот бизнис во земјава, пишува Лидер.

Странските компании одговараат- зошто Македонија е место за нивните инвестиции?

Ние сме повратници од Австралија и одлучивме да вложиме во Република Македонија, т.е. во Битола, зашто потекнуваме од овој крај и тука да продолжиме да живееме. За ова, бевме поттикнати од добрите мерки на Владата на РМ и од добриот однос кон инвеститорите, изјави сопственикот на фабриката Горданчо Мирчевски, фабрика за чипс.

Според сопственикот на „Ван Хул“, владиниот пристап кон бизнисот и брзото решавање на проблемите се клучните фактори поради кои се поголем број странски компании се одлучуваат да инвестираат во Македонија. Добрата бизнис клима секако е основната причина, а доказ за тоа се континуираните инвестиции и отворањето нови погони на веќе постоечките инвеститори.

Ни се допаѓа владиниот пристап кон бизнисот. Имаме директен пристап со надлежните и кога постои проблем тој веднаш се решава. Секако бизнис климата е многу позитивна. Работиме под полн капацитет. Пред два дена стартувавме со нова инвестициска програма, па планираме и понатаму да вложуваме во Македонија. Во меѓувреме, убедивме и други белгиски инвеститори да дојдат во Македонија, а некои од нив веќе одлучија да инвестираат. Добро е тоа што имаме ист менталитет. Мене посебно ми се доаѓа тоа што има квалификувани работници, како нивната флексибилност, изјави Филип Ван Хул, сопственик на компанијата „Ван Хул“, на бизнис форум во Белгија каде се претставуваа инвестициските можности на земјава.

Делфај е фокусирана на испорака на висок квалитет, водечки индустриски технологии кои им помагаат на производителите да постигнат повисок електронски и безбедносен систем. Капацитетите во Македонија ќе помогнат во остварување на оваа цел, рече Луси Тоскани, глобален оперативен директор на Делфај.

Од компaнијата наведуваат дека инвестициските критериумите кои ги следи Делфај за сите региони се да се следат клиентите производители на возила, обучена високо стручна работна сила, употреба на постоечка инфраструктура и потенцијално партнерство со локалните власти. Клучни фактори според нив се поволна бизнис клима, напредни вештини и одлични инфраструктури во технолошко развојните индустриски зони.

Али Созер, сопственикот на компанијата „Левидиагро“ истакна дека ова е најголема фабрика за ориз во која ќе бидат вработени над 100 лица. Одлуката да инвестираат во Македонија е, вели, како резултат на добрата бизнис клима и одличната соработка со централната и локалната власт.

Македонскиот ориз има висок квалитет. Свесни сме за потенцијалот и инвестицијата е насочена за развој на оваа земјоделска гранка во Македонија. Со производниот капацитет, покрај што ќе го снабдиме домашниот пазар со висококвалитетен ориз, ќе може да одговориме и на потребите на европските пазари, рече Созер.

Странските компании одговараат- зошто Македонија е место за нивните инвестиции?
Странските компании одговараат- зошто Македонија е место за нивните инвестиции?

Турција е вистински пријател на Република Македонија и се обидуваме на секое поле да ги унапредуваме односите. Бизнисмените при донесување одлуки за инвестирање главно се ориентираат од два фактора – профитот и сигурноста на инвестицијата, но сакам да се осврнам и на трет фактор кој придонесува за турските инвестиции во Македонија, а тоа е емотивната поврзаност меѓу двете земји на пријателство. Пријателството меѓу Македонија и Турција ќе траат вечно и ќе продолжиме на секое поле да се помагаме обострано, рече Солендил, турскиот амбасадор во Македонија.

Потпретседателот на Гентерм…