четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 81

Кои се најголемите тајни на жените?

Поголемиот број жени се плашат дека ќе бидат осудувани поради нивните сексуални желби, желби за експериментирање или нешто трето, а некои жени едноставно несакаат да му го откријат ова на моменталниот партнер.

3-complimenti-che-conquistano-ogni-uomo3

Поврзани вести

Жените често ќе кријат некои работи од својот партнер и тоа не затоа што им е страв да ги откријат, туку затоа што сметаат дека се дел од нивната приватност.

Во истражувањето спроведено на социјалните мрежи, жените тешко откриваат што кријат, но накратко еве некои од работите што жените најчесто ги кријат од нивните партнери.

  1. Имала подобри сексуални искуства

Ако вашата партнерка имала некој подобар љубовник сигурно тоа нема да ви го открие. Поголемиот број жени се плашат дека ќе бидат осудувани поради нивните сексуални желби, желби за експериментирање или нешто трето, а некои жени едноставно несакаат да му го откријат ова на моменталниот партнер.

  1. Женски разговори

Без разлика на тоа колку се отворени во комуникацијата со нивниот партнер, жените сепак некои работи ги споделуваат само со нивните пријателки. Некои жени откриле дека никогаш со својот партрнер нема да ги споделат тајните што пријателките им ги раскажале.

  1. Како успеваат да бидат толку убави?

Можеби е чудно, но голем број жени нема да му ги откријат на својот партнер сите ритуали што ги практикуваат за да изгледаат толку добро. Тие сакаат да ги скријат ситните брчки на лицето или останатите недостатоци и нема да ви откријат како го прават тоа.

  1. Чувства кон поранешното момче

Ако ја прашате партнерката дали навистина расчистила со своето поранешно момче, таа ќе ви каже: Да. Иако можеби сеуште има некои чувства, тоа нема да го открие за да не го повреди својот сегашен партнер. За време на истражувањата некои жени откриле дека сепак некои жени откриле дека на својот сегашен партнер му рекле дека нивното поранешен партнер бил „вистинска прилика“ за да знае дека мора повеќе и посилно да се потруди.

  1. Ставови за неговата сестра, мајка, татко…

Голем број жени откриле дека во однос на овие теми се многу внимателни, без разлика на тоа каков став имаат за некој од членовите на неговото семејство. Причина за тоа е што не сакаат тој да биде доведен во ситуација да бира помеѓу нив и неа.

Најчитани вести