Кои се најмоќните армии во светот?

Носачите на авиони во најголема мера допринесуваат за целосната сила на војската за една земја, бидејќи, пред се тие и овозможуваат на државата да делува надвор од своите граници, било каде на светот. Апсолутниот монопол Америка, со дури 19 носачи го држи врвот на оваа листа.

Весникот „Бизнис Инсајдер“, направи листа на најмоќни армии на светот со сите клучни елементи кои ја прават една армија силна.

Интересен е фактот што на 35-то место на оваа листа се наоѓа Северна Кореја, која има најголем број на подморници во светот, односно 78. Меѓутоа, тие се скоро бескорисни, бидејќи скоро третина од нив веќе оддамна се застарени. Се движат на дизел и се многу бучни, а опсегот им е 6 километри за разлика, на пример, од американските чиј опсег е 242 километри.

1. Америка

Буџетот на војската е 612 милијарди долари. Најголема предност во конвецијалното наоружување им е морнарицата. Америка има 19 носачи на авиони, додека останатите 10 земији имаат по само 12. Ова на американците им овозможува својата воена моќ да ја шират по целиот свет.

americka-vojska-ap-1405350988-534645

Нејзината сила лежи и во моќната и бројна авијација која е најголема во светот. Тука е секако и големата, добро обучена човечка сила која брои 145.212.012 војници.

2. Русија

На второто место се наоѓа Русија. Во однос на Америка, Русија има најголем број на тенкови, односно 15.000, како и најголем број на нуклеарни боеви глави.

ruska-vojska-manevri-vojna-vezba-foto-rojters-1393420686-452225

Буџетот на Русија е скоро 10 пати помал од оној на Америка и изнесува 76 милијарди долари.

3. Кина

Кина има убедливо најбројна војска која ја сочинуваат 750 милиони војници, односно три пати повеќе од Америка и Русија заедно.

kina-vojska-rojters-1405350988-534649

Кина има 9.150 тенкови, нешто повеќе од илјада од Америка, и голем број на подморници, поточно 69.

4. Индија

По Кина, следна на листата на најмоќни армии се најде индиската. Нејзината сила лежи пред се во бројноста, односно, составена од 615 милиони војници.

indija-vojska-ap-1405350988-534647

Што се однесува до буџетот, тој е значајно помал од на претходните земји и изнесува 46 милиони долари.

Погледнете ја целата табела на која се наоѓаат 35-те најмоќни армии на светот со сите елементи кои им се потребни за да бидат тоа

tabela-vojska-biznis-insajder-1405352437-534663