Кои се најпопуларните места за секс?

Доколку сакате да го зачувате вашиот сексуален живот на ниво, пред вас се предизвици во кои што мора да бидете креативни.

Голем број двојки се обидуваат да ги направат нештата интересни така што бираат некои нови места за секс, надвор од спалната соба. Истражувањетп што го спроведе Скин кондомс, покажа дека 8 од 10 лица на возраст од 18 до 34 години се задоволни со сопствениот сексуален живот и веројатно поради тоа не се плашат да експериментираат со промената на локациите кога станува збор за секс.

Најголем број двојки, дури 78 отсто ја бираат дневната соба за секс. Три од четири двојки се впуштаат во секс под туш, 64 отсто сакаат секс во автомобил, а еден од четири двојки во бањата (но не под тушот).

Иако можеби звучи занимливо и привлечно, сексот на плажа освен што е забранет, воопшто не е привлечен, особено ако станува збор за песочна плажа. Веројатно тоа е една од причините зошто само 23 отсто од двојките рекле дека сакаат секс на плажа.