среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 50

Кои се обвинетите за настаните во кумановско „Диво насеље“?

Продолжува судењето за 29-мината обвинети за кумановските настани. Обвинителот посочи дека ќе докаже дека обвинетите учествувале и во нападите во кумановско „Диво насеље“ и во полициската станица Гошинце. Кои се обвинетите?

obvineti-diva-naselba

Поврзани вести

Продолжува судењето за 29-мината обвинети за кумановските настани. Обвинителот посочи дека ќе докаже дека обвинетите учествувале и во нападите во кумановско „Диво насеље“ и во полициската станица Гошинце. Кои се обвинетите?

Од невработени, до полицајци, воени ветерани, багерист, новинар, фотограф, психолози и правници е профилот на обвинетите.

Од 29 обвинети за нападот на полицијата во Куманово во мај 2015 година кога беа убиени 8 полицајци, само неколкумина се со основно образование и невработени, додека другите имаат завршено средно или високо образование и биле вработени во приватни компании или државни институции до денот на нивното апсење.

Судот во Скопје ги прашуваше сите обвинети што работат, какво образование имаат завршено, дали се женети и дали имаат деца.

Сите обвинети се мажи. Обвинителството ги гони за „тероризам и за терористичка организација“ за што им се заканува затвор од најмалку 8 и 10 години затвор, па до доживотен затвор.

На првото судење, сите 29 обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата за кои ги обвинува Јавното обвинителство. Дел од нив тврдеа дека никогаш не биле во Гошинце и во Куманово. Малкумина од нив признаа дека биле припадници на групата, но тврдеа дека не ја нападнале полицијата.

Сепак, интересни се нивните професии, работата, семејствата.

Првообвинетиот Сами Укшини е од Ѓаковица, Косово. Има 49 години. Завршил средно образование, работел во приватна фирма, оженет е и има 10-годишно дете.

Анди Красниќи, алијас Командант Малишева, чие име претходно било Мухамед Красниќи, е од Приштина, има 46 години, завршил средно образование, сега е невработен, татко е на 6 деца, од кои 2 се малолетни. На прашањето на судот дали се чувствува виновен, одговори: „Апсолутно, не“.

Деме Шеху е роден 1980 година. Живее во село Јуник, на Косово. Рече дека има завршено факултет – Психологија, како и трет степен дипломатија. Женет е и има 2 малолетни деца.

Ќенан Исени од селото Отља, Кумановско, има 51 година. Тој завршил основно образование и работел на регулација на водите во општината. Татко е на 2 полнолетни деца. Рече дека никогаш не бил во Гошинце и во Куманово, како што пишува во обвинението.

Фадиљ Фејзулаху од Куманово, 45-годишен, невработен, со завршено основно образование, има 4 деца, од кои само едно е полнолетно.

Ирфан Љутвиу е роден 1981 година. Живее во Куманово, на улицата во кој се случи нападот од терористичката група врз полицијата. Има завршено основно образование, работел како фризер, оженет е и татко на 2 малолетни деца.

Фадил Елшани од Сува Река, Косово, невработен, на возраст од 41 година имал завршено средно образование, женет е и татко на 4 малолетни деца.

31-годишниот Есат Кафеџоли од Малишева, Косово, му објасни на судот дека има завршено Високо образование, сега е невработен, разбрал за што го обвинуваат, но тврди дека не е виновен. Не е женет и нема деца.

Обвинетиот Ардијан Бујари…

Најчитани вести