Магазин

Брачен хороскоп: Кои се предности и недостатоци на бракот со секој знак?

Кои се предности и недостатоци на бракот со секој знак?

Секој хороскопски знак поседува одредени доблести и маани, особено кога се работи за љубовниот живот и емоциите. Порано или подоцна, обете особини ќе испливаат на површина, па бидете внимателни при изборот на партнер со кого ќе застанете пред олтарот.

 

Од кого може да очекувате  секој ден  да си дојде дома во исто време? Кој бара влакно во јајцето, дури и покрај саканата личност? Кому посесивноста и одмаздољубивоста му се мрачна страна?

Во продолжение, прочитајте кои се предностите и недостатоците на секој знак, кога се во прашање бракот и љубовта на долги патеки:

Овен

ПРЕДНОСТИ: Овните се по малку диви и нескротливи, но со мера. Обожуваат добро да се забавуваат и сакаат сите да се чувствуваат пријатно во нивно друштво. Па, со нив ама баш никогаш нема да ви биде здодевно.

НЕДОСТАТОЦИ: Поради вродената тврдоглавост, со нив е честопати тешко да се комуницира. Сакаат да шефуваат, сметаат дека секогаш се во право, а дури и кога не се – нема да го признаат тоа. Секогаш и сѐ мора да биде така како што тие самите си „зацртале“. Во себе носат доза на себичност, која најчесто се манифестира во тек на расправии.

Бик

ПРЕДНОСТИ: Биковите се надалеку познати по својата лојалност, па на нив секогаш може да сметате. Стабилни се, вредни и семејно ориентирани,  па во целост ќе ви бидат посветени. А, ќе си доаѓаат и секој ден дома во исто време.

НЕДОСТАТОЦИ: Бидејќи го очекуваат истото и од своите партнер(к)и, тие не се добар избор за личностите со немирен дух, коишто ја љубат својата слобода и авантуристичкиот начин на живот, не сакаат да се чувствуваат ограничено и потребно им е повеќе време за себе.

 

Близнаци

ПРЕДНОСТИ: Близнаците се интересни, паметни и позитивни. Не се плашат од нови предизвици, непредвидливи се и непрестано ќе ви приредуваат изненадувања.

НЕДОСТАТОЦИ: Ним лојалноста не им е јака страна, па никогаш нема да знаете колку ќе (по)трае нивната љубов. Тие сакаат промени, мразат рутина и нестабилни се, поради што тешко се препуштаат на долгите врски.

Рак

ПРЕДНОСТИ: Раковите се романтични и грижливи партнер(к)и. Кога љубат, тие сакаат силно и емотивно. Не ги интересираат површни врски.

НЕДОСТАТОЦИ: Нивната љубов понекогаш може да ја гуши другата страна. Сѐ сакаат да држат под контрола, а дури и малите ситници, лесно ги претвораат во голем проблем. Однапред размислуваат негативно, замислувајќи ги сите лоши нешта кои би можеле да се случат во иднина. Така внесуваат немир во односите.

 

Лав

ПРЕДНОСТИ: Лавовите се динамични, страствени и дарежливи. Тие ќе направат сѐ што е во нивна моќ за максимално да ја разгалат втората половина.

НЕДОСТАТОЦИ: Горделиви се и суетни, па ќе се навредат доколку не се во срцевината на вашиот универзум секој можен миг. Или, пак, ако не им посветувате доволно време (по нивно мислење). Тие сакаат да бидат во центар на вниманието, што неретко делува исцрпувачки за нивните животни сопатници.

Девица

ПРЕДНОСТИ: Девиците цврсто и со обете нозе стојат на тлото. Тие се организирани и стабилни сопружници, кои везден водат сметка за среќата и задоволството на другата страна.

НЕДОСТАТОЦИ: Ситничави се и бараат влакно во јајцето. Во сѐ наоѓаат маани и склони се да ги поправаат „недостатоците“ на другите луѓе, па така и оние што ќе ги забележат кај емотивните партнери. Често им недостасува самоувереност, несигурни се и имаат проблем со воспоставувањето доверба.

 

Вага

ПРЕДНОСТИ: Вагите се романтични шармери со покритие. Тие се добри и љубезни, не само кон саканите, туку и кон сите други луѓе. А, кога ќе се заљубат, веднаш гледаат на таа личност како на свој животен сопатник.

НЕДОСТАТОЦИ: Кога егото им е повредено, тие ќе се однесуваат детинесто и без обѕир за туѓите чувства. Иако се секогаш спремни за решавање на проблемите, тогаш стануваат строги и студени, па мошне тешко е да комуницирате со нив.

Скорпија

ПРЕДНОСТИ: Скорпиите се страствени и интензивни партнери. Кога вистински се вљубени, поседуваат неверојатна емпатија и емотивно разбирање.

НЕДОСТАТОЦИ: Тие се екстремно осетливи, размислуваат фаталистички и може да бидат прилично посесивни. А, доколку се чувствуваат повредено, тогаш стануваат и одмаздољубиви.

 

Стрелец

ПРЕДНОСТИ: Стрелците се мудри, великодушни, дарежливи и нежни. Не знаат да лажат, поради што од нив може да очекувате максимална искреност.

НЕДОСТАТОЦИ: Генерално гледано, станува збор за стабилни личности. Сепак, тоа не важи и кога е љубовта во прашање. Често не умеат да ги дефинираат сопствените чувства и лесно го губат интересот. Воедно, тие сакаат да ѝ ги наметнат личните ставови и убедувања на другата страна.

Јарец

ПРЕДНОСТИ: Јарците ќе сторат буквално сѐ за личноста во која се заљубени. Не се предаваат така лесно на емоциите, но кога љубовта ќе ги допре, тие се подготвени целиот живот да останат покрај своите партнер(к)и. Притоа, во ниту еден момент нема да се посомневаат во своите чувства.

НЕДОСТАТОЦИ: Имаат тежок карактер и постојано критикуваат. Тие ретко прифаќаат компромиси и не разбираат што значи поимот флексибилност. Кога саканата личност ќе ги повреди, околу себе ќе изградат ѕидови кои е речиси невозможно да се срушат.

 

Водолија

ПРЕДНОСТИ: Водолиите се возбудливи и интелигентни сопружници. Тие никогаш не прават љубоморни сцени, а и ним може безусловно да им се верува.

НЕДОСТАТОЦИ: Прекумерно лично ги сфаќаат работите. Во многубројни ситуации, тие емотивно ќе залутаат и ќе се дистанцираат од партнер(к)ите, бидејќи се чувствуваат неразбрано од другата страна. Не умеат да љубат без внатрешна сигурност и доверба, а тешко ги стекнуваат обете чувства.

Риби

ПРЕДНОСТИ: Рибите се нежни души кои сакаат со цело свое срце. Не се воздржани, туку внимателни животни сопатници, полни со грижа и почит кон нивната втора половина.

НЕДОСТАТОЦИ: Koга се работи за емоциите, исклучително се нестабилни како партнери. За миг може да се предомислат, па да кажат дека ним всушност им е потребна сосема поинаква личност покрај себе. Сакаат љубовни игри според сопствени правила, а ако почувствуваат дека нешто ги гуши, тие веднаш ќе побегнат.