Магазин

Кои се предвидувањата на Нострадамус за 2014 година?

Кои се предвидувањата на Нострадамус за 2014 година?

Украинскиот инженер Александар Лазарев пред неполна година излезе во јавноста и откри кои се предвидувањата на Нострадамус за 2014 година.

Според Лазарев, Нострадамус предвидел дека годинава ќе бидат извршени атентати на четворица премиери, а потоа ќе дојде и до Трета светска војна во која ќе се користат хемиски и нуклеарни оружја. Ќе има мал број живи луѓе од кои повеќето ќе страдаат од болести на кожата и рак. Со луѓето во севтот ќе владеат банкарите и волшебниците, во времето на Ностraдамус волшебнците биле лекарите и хемичарите.

Според предвидувањата на Нострадамус, луѓето ќе бидат во паника, ќе има конфликт меѓу две светски религии, а ќе бидат уништени и цели земји, а ќе се создаваат нови мали држави без власт и лидери.

Францускиот астролог предвидел дека токму во 2014 година планетата Нибиру ќе прелета толку блиску до Земјата, дека „ќе може да се видат“. Со тоа би можела да се помрдне и земјината оска, едната половина да се замрзне, а другата да стане пустина. На земјата ќе и недостасува вода, предвидувал Нострaдамус.