Теми

Кои се топ пет најголеми увозници и извозници во државата?

Кои се топ пет најголеми увозници и извозници во државата?

Најголеми пет извозници во Македонија се Џонсон Мети, Фени Индустри, Југохром Фероалојс, Саса и Бучим. Додека пак
најголеми пет увозници се Џонсон Мети кој увезува автомобилски делови, нафтените компании Окта и Лукоил, ЕФТ Македонија кој тргува со струја и ЕЛЕМ. Според ова, странските инвеститори го билдаат извозот, а енергетската зависност на државата го билда увозот.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2013 година, изнесува 4 266 861 илјади САД долари, а на увозот 6. 599, 824 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 64.7%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2013 година, изнесува .2 332, 963 илјади САД долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и моторните возила за превоз на лица.

Во периодот јануари-декември 2013 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 28 (72.6%) и земјите од Западен Балкан (17.6%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 (62.6%) и Останати земји, на друго место неспомнати (11.6%). Според вкупниот обем на надворешно- трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија (50.1% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).