Кои српски големци имаа ќар од шесте тона кокаин на Шариќ

фото „Блиц“: Шариќ тврди дека е невин, а 2,2 тони кокаин не се негови

Дарко Шариќ, кој е обвинет за шверц на шест тона кокаин и перење пари откри дека негов соработник бил „Генерал Папаја“, односно генералот на полицијата, Родољуб Миловиќ.

papaja

Без оглед на тоа што е во затвор, Шариќ редовно се информира за се што се случува. Така ги следи и сите изјави кои одредени полициски генерали ги давале во врска со фамозниот генерал Папаја. Тој сигурно во последен момент одлучил колку и што ќе открие. Подготвен е и понатаму да открие кои шефови на полицијата и политичари му биле деловни партнери, вели извор за српските медиуми.