Кој ден е најдобар за секс?

Овој податок не нè зачудува со оглед на тоа дека повеќето луѓе не работат следниот ден, па многу парови слободната вечер ја резервираат за романтики и секс. Истражувањето спроведено врз 1000 парови покажало дека личностите се највозбудени во сабота околу 17:35 минути, но обично чекаат пет часа за да ја исполнат својата желба.

Дури 42% од испитаниците признале дека токму сабота им е најдобар ден за секс, додека понеделник се покажал како најмалку посакуван ден за сексуални уживања. Сепак истражувањето варирало во зависност од годините, па 62% од испитаниците одговориле дека повеќе преферираат секс во лето, додека во есен имаат најмалку секс.