Кој дува најмногу марихуана во Европа?

Верувале или не, но најмногу канабис во отпадните води е пронајден во српскиот град Нови Сад, кој има само 265 илјади жители. На второто место се најде Амстердам, а додека пак трет е Париз.

Жителите на Нови Сад се најголемите конзументи на марихуана во Европа, покажало едно големо истражување во кое биле опфатени 42 европски града. Научниците, внимателно ги анализирале отпадните води од канализациските системи и во нив барале психоактивни супстанци карактеристични за одредени наркотици. Со други зборови, ова е џиновски допинг тест за Европа и тоа за кокаин, марихуана, метамфетамин и останати амфетамини и на МДМА или екстази. Резултатите од истражувањето се објавени неодамна во списанието „Адикшн“.

„Најмногу траги од канабис во отпадните води е пронајдено во српскиот град Нови Сад кој има само 265.000 жители. Второто место му припадна на Амстердам, а додека пак, на третата позиција се најде Париз“, е наведено во извештајот кој го пренесе Си-Ен-Ен.

Инаку, Амстердам ја оправда титулата европска престолнина на наркотици бидејќи се најде на врвот на листата во сите останатите осум категории.

Кога станува збор за другите видови на дрога, најголеми траги на кокаин е пронајдено во Амстердам, потоа во Антверпен, Лондон, Цирих, Барселона и Базел. Во Лондон е пронајдена и висока концентрација на МДМА (психоактивна супстација во екстазите).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.