Колумни

Кој е бомбашот самоубиец во опозицијата?

Кој е бомбашот самоубиец во опозицијата?

Оваа колумна не ја пишувам сам туку заедно со еден мој драг пријател, инаку лично директно присутен и сведок на настаните во турбулентната 2001 година кога е актуелна мега аферата „Големото Уво“.

Имено тоа е политички предвесник на војната во 2001 година која беше објавена на 17 јануари истата година во врска со прислушкување на над стотина видни јавни личности од сферата на политиката, бизнисот и новинарството. Главна цел во самото прислушкување што е многу политички индикативно и интересно не е раководството на тогашната опозициска СДСМ, туку напротив две лица кои се во најблиското фамилијарно и политичко опкружување на тогашниот владеачки двоец Георгиевски и Димовска. Се работи за госпоѓа С.Г. и лицето главен финансиер и поранешен министер инаку внук на Алекса С., родум од село Вељуса, Струмичко. За информација на читателите, Алекса С. бил личен соработник на Иван Ванчо Михајлов и голем другар со Асен Аврамов, секретар на Михајлов. Алекса С. е основач и претседател на дружеството „Тодор Александров“ во Брисел и во неговата кафеана „Кошарата“ во самиот центар на Европската унија, лично од него било предупредено тогашното пробугарско крило во ВМРО-ДПМНЕ да не му веруваат на лицето Внук…

Како за информација треба да се напомене дека во кабинетот на неискусниот претседател на Република Македонија покојниот Борис Трајковски, се Љубомир Данаилов Фрчковски, па подоцна и новинарот Борјан Јовановски, како и поразениот кандидат за претседател на Република Македонија од 2014 кој директно од МВР беше политички катапултиран како советник за национална безбедност, г-дин Стево Пендаровски.

Во далечната 2001 година Владата на двоецот Георгиевски-Димовска е буквално на стаклени нозе со двојно помал рејтинг за доверба во однос на опозициската СДСМ, но сепак успеа да се одржи на власт до фамозниот и последен 15 септември за опозицијата и за тоа платија многу голема политичка цена. Во тоа време паралелното полициско-политичко подземје на СДСМ ги контролира буквално сите разузнавачки и контраразузнавачки материјали и извештаи, како и сите финансиски текови на семејството на тогашниот македонски вожд и се случува армагедон на тогашната десница. Во тоа време полициско-политичка структура изворно блиска на ВМРО-ДПМНЕ се : Доста Димовска, Драги Гроздановски, Пане Велев (починат), Сашо Мијалков (веќе разрешен 1999), Љубе Бошковски и мојот соговорник.

Но, 2014 не е исто како и 2001 затоа што се сменија многу политички играчи и да бидам искрен се случи комплетна изворна ре-конфигурација на македонската политичка и новинарска сцена. Да не навлегувам во детали во моментов. Ова лето господово имаме нова, а сепак иста параполициска структура, која сака да се претстави како нов бејби бум сајбер новинарска генерација, ама сепак не се.  Ако порано подземјето на СДСМ го контролираше 100 отсто целокупното политичко и општествено живеење во Република Македонија, сега работите се видно променети, односно слабо им оди. Истите играчи од 2001 сега сакаат да му го диктираат политичкото темпо на лицето З.З. што лично сметам дека ако истиот ги прифаќа сугестиите е сериозна грешка. Се надевам дека блиски соработници на лидерот на опозицијата и впрочем мои лични пријатели ќе го убедат дека треба да престане со соработката со новинарски-полициско-уличарски вин вин острилки и да им каже Чао Бела или збогум ве праќам во македонскиот новинарски политички заборав.

За жал г-динот Зоран Заев е директен заложник на Радмила Шеќеринска и Стево Пендаровски, како и на неколку новинари-гавази кои немаат храброст да земат членски книшки на СДСМ, па да прават револуции, туку мислат само на своите 6.900 евра. Овие гавази не се истите новинари на кои треба Заев да се ФОКУС-ира или пак да извлече заклучок што е во политичката јавност Х/О. Тоа се личности за кој драгиот соговорник, а со цела негова согласност, објавувам дека со драго срце он читал, а јас со уште подраго срце слушав за нивните Х-files, додека бил во структурите.

Драгиот мој пријател Зоран Заев мора да разбере дека 1994 година одамна заврши и дека мора да се осознае дека неговите политички другари кои ги споменувам погоре и новинарските гавази, веќе во медиумската јавност на големо шпекулираат со монструозни и психопатски конструкции кои таксативно ќе ги набројам, а во наредната колумна ќе ги допрецизирам и соодветно објаснам за читателската публика за какви болни умови станува збор, што би рекол еден од најголемите дисиденти од Чешка или Чехословачка г-дин Чеслав Милош.

Аферите се следни:

  1. Нарачано убиство на шест лица од македонска националност од страна на исламски фундаменталисти и екстремисти од Босна, со поддршка од тајните служби на Република Србија. Болна и психопатска работа
  2. Видео запис од тајна средба на лидерите на позицијата од македонскиот и албанскиот политички блок за наводна федереализација и поделба на Македонија. Болна работа
  3. Наводно Испрани 6 милијарди евра во временски рок од 8 години. Болна работа
  4. Наводни видео записи од македонската афера Моника Левински. Болна Работа
  5. Прислушкување на илјадници граѓани и функционери во период од 8 години. Психопатска работа

Доколку Зоран Заев ја сака Република Македонија искрено, веднаш да престане да се однесува како да е Славко Штимац, за кој цела бивша југословенска нација мисли дека глумел во култниот филм Бошко Буха, а всушност оригиналниот глумец или артист е денес радио водител во Хрватското Радио.

П.С. На почитуваната новинарка од Општина Карпош со иницијали В.Ц.-Ц., а која ме прогласува за предавник на ГРОМ, прво и порачувам да научи да чита колумни. Исто така и порачувам и дека јас Виктор Грозданов во далечната 1996 година после смртта на мојот татко за првпат сум добил повеќе од 500 денари токму од Стевче Јакимовски, кој тајно од фамилијарните односи плаќаше кредит и не си купуваше кондури за себе. Тоа не се заборава никогаш.

Авторот е независен медиумски работник