Кој е достоен да ја води ЕК?

Тоа требаше да биде почеток на една нова ера. За првпат кандидатите за претседател на Европската Комисија од големите партии своите гледишта ги откриваат преку телевизиска дебата. Идејата беше да им се даде можност на граѓаните директно да решат кој е достоен да ја води ЕК, пишува германскиот весник „Das Handesblatt“.

Во понеделник вечерта во Маастрихт ќе се сретнат четворицата топ кандидати, Социјалдемократите испратија претседател на Европскиот парламент го испраќаат претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, а конзервативните долгогодишниот премиер на Луксембург, Жан Клод Јункер. Либералите беа претставени од поранешниот белгиски премиер Ги Верхофстад, а Зелените – од досегашниот европратеник Ска Келер. Всушност, на разговорите беше поканет дури и кандидатот на левицата, Алексис Ципрас, но тој одбил да присуствува.

За Шулц персонализирањето како водечки кандидат е добра можност. Тој вели дека претходно се кандидирал за Европскиот парламент, за да агитира за една институција. Но, сега е различно. За првпат има трка меѓу кандидатите и нивните програми.

Кога модераторот на дискусијата прашувал дали во моментов нема потреба една политичка поп ѕвезда да застане на чело на ЕК и да ги инспирира европските граѓани, Шулц убедливо одговорил: „Ако имате потреба од поп ѕвезда, јас сум подготвен“. Но, за разлика од поп ѕвездите, кандидатите за лидерско место во Европа се премногу малку познати.

„Зелената“, Ска Келер, на пример, беше избрана преку он лајн гласање на на „Зелените“. Недостатокот: активноста на членовите на партијата беше исклучително ниска. Наместо предвидените 200 илјади во разговорите учествувале едвај 20 илјади лица. На крај излезе дека Келер навистина е меѓу топ кандидатите за ЕК, а листата на Зелените во Германија се наоѓа едвај на третото место. Што се однесува до Ги Верхофстад, едвај дали има луѓе кои знаат за него. За Јункер, од друга страна, има што да се каже, тој откако успешно ја управување група на министри за финансии од еврозоната. Но, и тој си има свои недостатоци. Христијанско-демократската унија (ХДУ) изгледа решиле да му го премолчат името во предизборните реклами. Од плакатите се гледа не неговото лице, туку тоа на германската канцеларка, Ангела Меркел. Една од причините е додека ја предводеше Еврогрупата, Јункер стана непопуларен со некои свои предлози. Еден од нив беше тоа за еврообврзниците.

Најнедвосмислен во однос на улогата на ЕУ беше кандидатот на Либералите, ги Верхофстад, кој говори за потребата од скок на европската интеграција како двигател на растот, давајќи го за пример банкарскиот сојуз. Според зборовите на белгискиот политичар, банкарскиот сојуз ќе даде можност за пониски каматни стапки, а еден енергетски сојуз ќе дозволи намалување и на електрична енергија. Покрај тоа, Белгиецот, говори и за создавање на сојуз за одбрана. Кандидатите располагаат и со малку време за одговори. Понекогаш тоа е 30 секунди, понекогаш една минута. Тоа изговорат многу клишеа. На пример, Келер, изјави: „Сакаме зелени работни места и позелена економија. Сакаме исто така повеќе образование и обука“.

На крајот на дебатата недостигот од време беше толку голем што за завршното обраќање на Мартин Шулц остана сосема малку време. „Имам ли 15 секунди?“, праша тој, на што модераторот одговори дека Жан Клод Јункер располага со уште една минута, а Мартин Шулц со малку помалку. Тогаш Јункер одговорил дека може нема да го искористи целото време и му подарува три секунди на Шулц. Некои ова го видоа како најава за широка коалиција во Европскиот парламент.