Политика

Кој е на кормилата на СДСМ, НСДП и ЛДП?

Кој е на кормилата на СДСМ, НСДП и ЛДП?

За да би­де чи­ста ра­бо­та­та за тоа ка­де би тре­ба­ло да оди опо­зи­ци­ја­та и врз ко­ја иде­о­ло­шка пла­тфор­ма, пр­во тре­ба да се рас­чи­стат не­до­у­ми­ци­те кој ја во­ди опо­зи­ци­ја­та? Од­нос­но, кои се ли­де­ри­те на ко­а­ли­ци­ја­та што дејс­тву­ва единс­тве­но че­ко­реј­ќи по тер­кот на СДСМ?, пишува неделникот „Република“, пренесува Нетпрес.

За вре­ме на под­го­то­вки­те на кон­гре­сот на СДСМ ед­но ин­терв­ју со по­чес­ни­от пре­тсе­да­тел Бран­ко Цр­вен­ков­ски го раз­ни­ша и та­ка на­пук­на­ти­от брод, па бе­ше не­оп­ход­но Зо­ран За­ев да за­ми­не на сред­ба кај Цр­вен­ков­ски во обид да ги кон­со­ли­ди­ра пар­ти­ски­те ре­до­ви. Тоа по­ка­жу­ва на кол­ку тен­ки стак­ле­ни но­зе стои опо­зи­ци­ја­та. Кој е, всуш­ност, ли­де­рот? Цр­вен­ков­ски? За­ев? Ше­ке­рин­ска? Та­ка­на­ре­че­ни­те нив­ни „кри­ла“?

За ап­сурд­но­ста да би­де по­го­ле­ма, во таа бор­ба и без­и­деј­ност се вле­зе­ни и две по­ма­ли пар­тии – са­те­ли­ти на СДСМ. НСДП и ЛДП, ме­сто да го за­зе­мат при­ма­тот што СДСМ не­про­мис­ле­но им го оста­ва на тац­на, се оби­ду­ва­ат со дру­гар­ска под­др­шка да му по­мог­нат на го­ле­ми­от брат. Та­ка, две­те пар­тии оста­наа без по­се­бен иден­ти­тет. И до­кол­ку НСДП е „кри­ло“ на СДСМ, гу­бе­ње­то на иден­ти­тет најм­но­гу се отс­ли­ку­ва во дејс­тву­ва­ње­то на ЛДП.

Дел од чле­но­ви­те во СДСМ по­со­чу­ва­ат на Ти­то Пе­тков­ски и не­го­ви­те но­ви со­ци­јал­де­мо­кра­ти ка­ко на глав­ни ви­нов­ни­ци за по­ра­зот на СДСМ во 1996 го­ди­на. То­гаш Пе­тков­ски од ми­тин­зи­те по­ра­чу­ва­ше де­ка „ни­ту ко­же­ни га­ќи не­ма да го спа­сат Цр­вен­ков­ски“. Ко­га си­те оче­ку­ваа од та­му да дој­де но­ва пла­тфор­ма и пре­ис­пи­ту­ва­ње на иде­о­ло­ги­ја­та, Пе­тков­ски се за­ле­пи за СДСМ под­др­жу­вај­ќи ги во акту­ел­на­та без­и­деј­ност.

Во ЛДП со­стој­ба­та не е по­јас­на. Отка­ко пар­ти­ја­та со по­ткре­па на СДСМ до­би гра­до­на­чал­нич­ко ме­сто во оп­шти­на Цен­тар, мно­гу­ми­на ди­ску­ти­ра­ат за тоа кој е ви­стин­ски­от ли­дер-гра­до­на­чал­ник – Ан­дреј Жер­нов­ски или Ри­сто Пе­нов?

ЛДП по ре­ак­ци­ја­та на Ро­за То­пу­зо­ва-Ка­рев­ска из­ле­зе со став де­ка таа не­ма да би­де иск­лу­че­на од пар­ти­ја­та. Се­пак, оста­ну­ва не­јас­но ко­го ќе прет­ста­ву­ва То­пу­зо­ва-Ка­рев­ска – по­ли­тич­ка пар­ти­ја што не ги приз­на­ва из­бор­ни­те ре­зул­та­ти и со­бра­ни­ски­от со­став?

„Ва­ква­та од­лу­ка на ЛДП зна­чи де­ка по­стои ка­па­ци­тет за вна­тре­пар­ти­ско де­мо­крат­ско дејс­тву­ва­ње, но и ди­со­нант­ност кон над­вор“, ку­со ана­ли­зи­ра Да­ска­лов­ски.

Сѐ на сѐ, опо­зи­ци­ја­та не­ма си­ла, ни­ту вол­ја за про­ме­на. Сво­и­те не­до­ста­то­ци, ка­ко и во пер­и­о­дот на вла­де­е­ње, ги зат­скри­ва зад „го­ле­ми­те идеи“. Са­мо се­га, по ед­на де­це­ни­ја во сен­ка, нај­го­ле­ма­та иде­ја е осво­ју­ва­ње из­бо­ри. На кое би­ло ни­во. Ос­ле­пе­ни од од­маз­до­љу­би­вост кон ВМРО-ДПМНЕ, опо­зи­ци­ја­та не вни­ма­ва ни­ту на иде­о­ло­ги­ја, ни­ту на про­гра­ма, ни­ту на по­ра­ки­те кон членс­тво­то или гла­са­чи­те. Ни­ту на пос­ле­ди­ци­те што мо­же да ги пре­диз­ви­ка. Пло­веј­ќи сле­по кон сво­јот Мо­би Дик, се чи­ни, СДСМ ќе се уда­ви ка­ко Ахаб ба­рај­ќи од­маз­да за трај­но­то оса­ка­ту­ва­ње. Та, ду­ри и вр­вот на „хар­пу­нот да се на­то­пи во крв“.

Целиот текст можете да го прочитате во најновот број на неделникот Република (91. број), што од денеска, 30.05.2014 е во продажба)