Кој е најскржавиот хороскопски знак?

Јарецот!

Претставниците на овој знак се често пати избезумени заради материјалната состојба и оптоварени со неа. Затоа што се екстремно загрижени, прифаќаат само добро платени работни места кои ќе им обезбедат сигурна зработка. Често пати се озборувани заради скржливоста и постојаното размислување за пари, иако Јарците на тоа гледаат поинаку. Нивните амбиции се големи и тоа е нивната страна на приказната. Најмногу сакаат кога заработуваат големи суми пари од две или повеќе паралелни работи. Не сакаат да ризикуваат со трошење и вложување. Ако планирате да позајмувате пари, заобиколете го Јарецот. Ништо не му паѓа потешко од позајмување, без оглед на тоа колку сте блиски. Дури и да се работи за среќни моменти и прослави во кои треба да се отпушти, тој ќе биде рационален и стегнат со парите.