Кој е понарцисоиден – мажите или жените?

Кој е понарцисоиден – мажите или жените?
Кој е понарцисоиден – мажите или жените?

Според неодамна објавени резултати од истражувања, припадниците на посилниот пол покажале повеќе знаци за нарцисоидно однесување, манипулација, арогнатност, агресија и слично, во споредба со поубавиот пол.

Истражување

Резултатите од истражувањето објавени се во магазинот „Psychological Bulletin“, а истражувањето траело скоро три децении, на околи пола милион мажи и жени, а подразбирало следење на реакција на учесниците на изјави како „кога јас би владеел со светот, тој би бил многу подобро место“, „сакам да имам власт над луѓето“ и слично.

Arrogant man
Arrogant man

Резултатите покажале дека мажите недвосмислено повеќе пати се согласиле со таквите изјави, односно се однесувале понарцисоидно од жените, бег оглед на возраста и расата.

Што е нарцисоидност?

Нарцисоидноста во истражувањето е дефинирана како чувство за водство и егзибиционизам.

И додека некои особини н а нарцисоидност понекогаш можат да бидат многу корисни, не се сите така добри.

„Нарцисоидноста е проврзана со разни меѓучовечки пореметувања, вклучувајќи ги и неспособноста за одржување на здрави долгорочни односи, неетичко однесување и агресија“, открива Емили Гријалва, авторка на истражувањето.

Нарцисоидност- привлечна или не?

И додека малку нарцисоидност може да биде привлечна, бидејчи дава впечаток дека личноста има самодоверба, сепак премногу нарцисоидност може да биде многу непривлечна, Таквите мажи имаат голем проблем во врските, веројатно затоа што се премногу сконцентрирани на самите себе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.