Кој е вашиот идеален хороскопски партнер?

Вага

vaga-znak-1Љубов: Најдобриот партнер ќе ви биде овнот кој е подготвен заедно со вас да тргне во предизвикувачката мисија на совладување на препреките. Вие ќе ги ублажите неговите остри граници, а тој кај вас ќе ја разбуди страста за уште една емотивна авантура.

Дружење: Моментите на забава, но и сериозните разговори најквалитетно ќе ги споделите со близнаците. Тие ја разбираат вашата понекогаш двострана природа. Ќе ве насмејат во најмрачните времиња.

Работа: Најдобрите бизнис партнери ќе ви бидат водолиите што ќе знаат да ја ценат вашата предаденост кон тимот и заедно со вас креативно да развиваат нови, дури и револуционерни идеи.

Јарец

jarec-znak-1Љубов: Најдобриот партнер ќе го најдете во знакот рак. Тој никогаш не престанува да ги покажува емоциите кога има добра публика. Неговото чувство за интуитивно зачувување на односот и заедницата е талент што вие допрва треба да го научите.

Дружење: Во друштвото на девицата ќе се држите до заедничките интереси (подобро спорт, планинарење или патувања, отколку компјутерски игри и долги часови во кафулиња). Да пронајдете личност што подеднакво го обожава своето хоби, па тоа е исто како да сте пронашле сродна душа.

Работа: Најдобри соработници ќе ви бидат скорпиите. Тие ја разбираат вашата егоистична борба за позиција, желбата се да направите пред време, како и тежината на работата во тим. Немојте да бидете соперници, бидете сојузници.

Скорпија

skorpija-znak-1Љубов: Љубовта најлесниот ќе ја најдете со рибите, кои ги чувствуваат вашите расположенија и желби пред да ги кажете. Комбинација на флексибилност и романса ќе го смири вашиот бурен карактер.

Дружење: Најдобар пријател ќе ви биде скорпијата, бидејќи само уште еден припадник на вашиот знак навистина може да знае како се чувствувате. Заедно ќе излезете попаметни во овој период на предизвици.

Бизнис: Најдобар бизнис партнер ви е Бикот, како тврдоглав вљубеник во потрагата за најдобро решение. Ќе уживате во соработка со трезвен, но и страстен човек кој најсилно повлекува кога другите веќе се откажале.

Водолија

vodolija-znak-1Љубов: Најубавите љубовни моменти ќе ги поминетњ со стрелците. Патниците со слободен дух имаат доволно страст за да ве однесат на возбудливо емоционално патување. Ќе ве научат колку е важна довербата.

Дружење: Вашиот социјален живот ќе биде невозможен без Лавот, особено без оној кој никогаш не спие. Заедно ќе помине низ многу различни друштва и ќе го искористите она што е најдобро кај секое од нив.

Бизнис: Најдобар соработник ви е Овенот, само ако сте подготвени да го следите неговото темпо. Тој знае како да ги препознае вашите квалитети и никогаш нема да ве праша што за она што е сигурен дека можете одлично да го направите.

Стрелец

strelec-znak-1Љубов: Најдобар партнер ќе ви биде Лавот кој ќе го цени вашето внимание и храброст. Најшармантни сте кога се борите за љубовта со сите средства, а на стрелците во напад ретко кој може да одолее.

Дружење: Најдобар соработник за хедонистички авантури може да најдете во Рибите. Добро ќе се разберете во потрагата по вистината што води низ кулинарските екскурзии и вина.

Бизнис: Ваши најдобри бизнис соработници се Близнаците. Тие добро разбираат како е да се седи на пет столици, а да размислуваат за она што се случува на шестата и седмата. Кралевите на  мултитаскинг, ќе ви бидат од непроценлива помош.

Риби

ribi-znak-1Љубов: Возбудлив денови и ноќи ве чекаат со ракот кој не може да престане да гледа во вашите очи, хипнотизиран од блискоста што ја чувствува во ваша близина. Бидете дама, а не скитник. Овој примерок вреди да се зачува.

Дружење: Серијата забави за кои што долго време ќе разговарате почнува и завршува со стрелците. Сте нашле некој што ви е рамен, па нема да престанете со забава, додека еден од вас не падне под маса.

Бизнис: Добар соработник секогаш може да најдете во Лавот, кој слично како вас чувствува дека му припаѓа на највисокиот престол на бизнисот. Од него може да се научи многу за тоа како еелегантно да прескокнете неколку чекори и без недостаток на воздух стасате до врвот.