Кој го сака Салах ќе плати 225 милиони евра

„Ливерпул“ ја објави цената за која заинтересираните клубови ќе можат да го купат нивниот голгетер, египетскиот фудбалер Мохамед Салах, кој со фантастичните игри ги воодушеви фудбалските фанови низ светот.

Цената на трансферот е 225 милиони евра, што би го направило најскап фудбалер ако некој ги исплати парите, бидејќи рекордот го држи Бразилецот Нејмар, кој за 222 милиони прејде од „Барселона“ во „ПСЖ“.

Салах сезонава постигна 28 погодоци во Премиер лигата и забележа 9 асистенции. Тој сезонава вкупно, во настапите за клубот и за репрезентацијата на Египет на 46 натпревари постигна 40 погодоци и запиша 12 асистенции.
Сепак, статистиката покажува дека Салах истовремено промашил и најмногу чисти шанси за погодок во Премиер лигата.

Англичаните пресметаа дека Салах не реализирал 19 чисти гол шанси во дресот на Ливерпул, а потоа следуваат Кристијан Бентеке од Кристал Палас (18), Хари Кејн од Тотенхем (16), Алваро Мората од Челси (15) и Серхио Агуеро од Манчестер Сити (13).