Кој хороскопски знак е најдобар во сексот, а кој е склон кон неверства?

Иако не може да се генерализира, сепак, сексолозите и астролозите тврдат дека за сексуалните навики на еден човек може многу да се дознае само од неговиот хроскопски знак.

Запознавте ново момче или нова девојка, а се прашувате што може да очекувате од сексот? Дознајте го хороскопскиот знак, а сето останато прочитајте го во продолжение.


Овен

Овенот сака погруб секс, се со цел да ја почувствува енергијата на другата личност. Она што воопшто не може да поднесе е чекањето. Затоа, не се мислите, доколку ви се допаѓа личност, овен во хороскоп, слободно “фрлете се во акција”.

Личностите од овој хороскопски знак секогаш се подготвени за експериментирање, но сакаат да им биде дозволено тие да ја водат играта. Најчесто се верни, освен доколку личноста со која се во врска, не е во состојба да одговори на нивната сексуална енергија.

Во спротивно, не започнувајте врска со нив, затоа што овие луѓе не можат да бидат во врска со оние кои не може да ги следат.

Бик

Биковите се сензуални, сакаат нежен секс, а најдобра предигра за нив е чашата вино, топлото чоколадо и вкусната храна. Важно е се да се одвива бавно, без брзање. За биковите важна е и убавата долна облека.

Исто така, биковите се големи хедонисти, но се верни, освен доколку не им е досадно со партнерот. Она што треба да го знаете за биковите е и тоа дека тие не се промискуитетни, односно дека квалитетот го ставаат пред квантитетот.
Близнаци

Близнаците се опуштени, како во секојдневниот живот, така и во сексот. Добриот разговор за нив е афродизијак! Затоа, доколку не успеете да ги заведете со зборови, не се обидувајте со други методи.

Близнаците сакаат еротски приказни, но и униформи, играње на улоги… Тие не ги менуваат партнерите многу лесно, но и тешко се одлучуваат да се впуштат во врска. Тие воопшто не брзаат и всушност, често потребно им е некој “да ги подбутне”.

Рак

Овие личности најлесно можете да ги заведете на нивен терен, во нивниот дом. И тие сакаат нештата да се одвиваат бавно, без брзање. За раковите чувствата се поважни од сексот, меѓутоа не може да се каже дека токму тие се најверниот хороскопски знак. Не се перверзни, а уживаат во сексот во вода.


Лав

Лавовите сакаат луксуз, сјај… Додворувајте им се на убави, интересни места, но и во природа. Придушено светло, добро вино, малку комплименти и кралот на животните “ќе ви јаде од рака”. Секако, не брзајте!

Лавовите знаат што сакаат и затоа не е добро некој да ги форсира, тие повеќе сакаат да доминираат. Често гледаат порно филмови, но ретко го прават тоа со партнерот. Сакаат да учат и да бидат во тек со новитетите, кога станува збор за сексот. Не се промискуитетни, но не остануваат во врска или брак без емоции.

Девица

Девиците тешко се опуштаат, но доколку вашиот партнер или партнерка се претставници на овој знак, тогаш можете да им помогнете да се релаксираат, подарувајќи им убава долна облека и нудејќи им романтична, опуштена атмосфера со придушено светло.

Исто така, девиците сакаат внимание, но и ситни подароци и гестови со кои ќе се почувствуваат важно. Станува збор за еден од најверните хороскопски знаци. Затоа, вооружете се со трпение и ќе уживате во односот!


Вага

Луѓето од овој хороскопски знак најчесто сакаат се да биде бавно, едноставно и убаво. Тие го сакаат сексот, секојдневно, но можат и да се воздружуваат, затоа што за нив, чувствата се на првото место.

За претставниците на овој хороскопски знак не е важно каде ќе водите љубов, може тоа да биде и на отворено, во кујната, на подот… Вагите лесно можат да се прилагодат.

Скорпија

Скорпиите важат за еден од најперверзните хороскопски знаци. Тие знаат да го привлечат секој оној кој го посакуваат, но навистина се вешти и при одбивањето. Претставниците на овој хороскопски знак сакаат порно филмови и секс во најразлични пози, па затоа им е потребен и добар љубовник кој ќе посвети на сексуалниот чин.

Кога станува збор за верноста, скорпиите важат за луѓе кои што не изневеруваат, освен доколку нешто сериозно не е во ред со нивната врска или брак. Сепак, со оглед на тоа што важат за најстраствени љубовници, веројатно партнерите ќе се потрудат да им понудат се што им е потребно.
Стрелец

Стрелецот е авантурист кој сака да проба се. Тој знае дека искуството не може да се стекне со еден партнер, па затоа и често ги менува. Стрелците често се отворени кон се, сакаат униформи, сакаат слобода во сексот, па доколку партнерот не ги поддржува во тоа и нема доволно енергија, наскоро тие може да станат минато во нивниот живот.

За стрелците сексот е навистина важен и токму тој е показател дали во нивната врска се е во ред.

Јарец

Јарецот е најтрпеливиот, но и најиздржливиот хороскопски знак, барем кога станува збор за сексот. Овие луѓе може со часови да измислуваат пози, да му угодуваат на својот партнер, но тоа го прават само доколку навистина сакаат.

Доколку забележите дека вашиот партнер или партнерка не се трудат многу, тогаш тоа нека ви биде знак дека не чувствуваат ништо кон вас. Јарецот е трпелив, но кога ќе дојде до сексуалниот чин, веднаш ќе се убедите зошто вреди да се чека.
Водолија

Водолијата важи за хороскопски знак чии што претставници се перверзни и сакаат се да пробаат, да експериментираат. Тие не сакаат да чекаат за секс, но никогаш не вршат притисок врз партнерот.

Доколку пак сакате секс во лифт, во автомобил, на плажа… Водолиите се за вас! За овој хороскопски знак ништо не е непознато. Напротив, еротските филмови им се омилен жанр.

Риби

Сензуалните риби сакаат секс надополнет со музика и добро вино. Квалитетната храна е одличен афродизијак за нив. Рибите не посветуваат големо внимание со бројот на партнерите.

Претставниците на овој хороскопски знак важат за луѓе кои лесно го губат интересот, склони се и кон паралелни врски, пред се поради сексот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.