недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 32

Кој хороскопски знак е ваш идеален сексуален партнер?

adet-kanamasi-seks-670

Поврзани вести

Помеѓу некои знаци постои енергија што неможе да се опише и неминлива хемија. Еве кој хороскопски знак би можел да биде ваш одличен сексуален партнер.

Овен и Близнаци

На темпераментниот и огнен Овен совршено му одговараат Близнаците. Овните сакаат акција и преизвици, а кај Близнаците тоа никогаш не недостгига и мошне лесно може да ги возбуди и да ги доведе до лудило.

Со својата харизма и интелегенција тие секогаш ќе го држат Овнот заинтересиран. Со оглед на тоа дека Близнаците сакаат да експериментираат, ќе бидат воодушевени од подготвеноста на Овнот за акција. Оваа двојка исто така има потенцијал за мошне успешна врска.

Бик и Скорпија

Искрите меѓу нив би можел да ги забележи и некој од страна. Тоа се две спротивставености што ненормално се привлекуваат. Страственоста и таинственоста на Скорпијата е она што магнетски го привлекува сензуалниот Бик, а секогаш ќе сака да истражи што се крие во длабочината на нејзиното битие.

Од друга страна, на Скорпијата ќе и’ биде неодоливо интересна смиреноста на Бикот и неговата помалку недофатлива личност па ќе се труди да го освои и да ја почуствува неговата страствена страна. Хемијата што постои меѓу овие два знаци гарантира највжештени страсти.

Рак и Јарец

За наизглед студениот и воздржан Јарец, Ракот е вистинска добивка во креветот затоа што во сексот внесува емоции и го буди она најдлабокото во Јарецот. Ракот не е секогаш страствен, но Јарецот е тој што ќе му пружа сигурност и тогаш чувствителниот Рак ќе може да им се препушти на страстите.

Нивните спротивставени карактери се привлекуваат, а мошне често не се ни свесни колкава е хемијата меѓу нив.

Лав и Вага

На убавата и шармантна Вага, Лавот би и’ приредил незаборавно доживување во креветот. Возбудата и огнометот во сексот со него би биле за паметење. Од друга страна, Вагата точно знае како и што да направи за да ги подгрее страстите и да му пружа секс исполнет со страсти и со романтика.

Лавот го обожава вниманието и удоволувањето што вагата знае да му го пружа. Во Лавот таа може да ги разбуди и оние најубави емоции, па нивниот однос и за двајцата би претставувал совршенство.

Девица и Риби

Рибите многу добро знаат да ја опуштат Девицата што е мошне ситничава и воздржана. Тие знаат да ја најдат нишката што на Девицата ќе и’ го сврти вниманието од неважните нешта и ќе ја насочи во целост да се препушти на сексот.

Девицата за возврат ќе сака да и’ пружа апсолутно задоволство, а Рибата ќе биде воодушевена од страстите што ќе ги почувствува. Рибите имаат побогата и поинаква фантазија на која Девицата ќе знае да возврати со нејзината енергија.

Стрелец и Водолија

Необичната Водолија сака иновации во креветот, а Стрелецот е мошне иновативен и ќе знае добро да ја изненади со неговите вештини. На стрелецот мошне му е интересен поинаквото доживување на сексот и љубовта на Водолијата па секогаш би ја следел.

Сексот помеѓу овие два знаци секогаш ќе биде поинаков и подеднакво добар. Тие ќе пробаат се можно во креветот без никакви воздржувања, затоа што се мошне флексибилни и слободни.

Најчитани вести