четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 52

Кој хороскопски знак е вашиот најдобар пријател?

sest-tipa-nezamenlivi-prijateli-01

Поврзани вести

Проверете кој хороскопски знак е вашиот најдобар пријател.

Овен

oven-znak-1Ако сте припадник на овој знак, сигурно не ви е непознато чувството дека сите други околу вас се чудни, а вие сте нормални. Овните се вистински извор на креативност и оригиналност, спонтаност и искажување емоции. Исто така, познати се по нивните двигатели и амбицијата, што често може да се претвори во нетрпеливост, а со самото тоа и во претерана реакција. Својот најдобар пријател Овенот лесно ќе го најде во Вагата, што лесно ќе ги држи приземјени и ќе им помага да останат рационални.

Бик

bik-znak-1Луѓето родени во знакот Бик се озлогласени поради нивната тврдоглавост. Иако нивните јасно дефинирани ставови и желбата да не отстапуваат ниту милиметар од своите принципи често значи дека влегуваат во конфликт со одредени луѓе, а таа желба ги прави да бидат и најупорните и највредни луѓе. Тие се добронамерни и логични и истовремено се олицетворение на нивната сила на волјата. Како најдобар пријател на Бикот се истакнува Рибата, припадникот на еден од најмирните и дипломатски знаци во Зодијакот. Рибите се познати по нивната верност и несебичност, а тоа во пријателството ќе внесе дух на спонтаност и мечтаења.

Близнаци

bliznaci-znak-1Припадниците на овој знак се креативни и сочувствителни луѓе што реагираат брзо и непромислено на се’. Како најдобар пријател за нив се издвојува Водолијата, затоа што и двата знаци се спонтани, неоптоварени и можат да уживаат во мали нешта. Ако Близнакот западне во некоја од неговите „лоши епизоди“, Водолијата е тука да го извлече со нејзиниот хумор, но и да се повлече ако им треба простор.

 

Рак

rak-znak-1Припадниците на овој знак се луѓе што најмногу сакаат дружење во домот, а повеќе би сакале да имаат еден вистински пријател, отколку 10 половични. Тие не копнеат за внимание и големи случувања, тие уживаат во ситници, во чувството на лојалност и посветеност. Времето што им е посветено само ним мошне им е важно, а ако долго време не го добиваат стануваат мрзоволни. Како најдобар пријател во Зодијакот им се наметнува Стрелецот, со оглед на тоа што Раковите се интровертни, а Стрелецот е нивната удобна спротивност. Исто така, во заедничкото друштво ќе уживаат во филозофирање и во анализи на себе си, но и на другите.

Лав

lav-znak-1Припадниците на овој знак се едни од најдоминантните луѓе во Зодијакот, а слично како и животното што ги симболизира, тие имаат вроден нагон да бидат главни во друштвото, па најчесто имаат многу луѓе околу себе си што сакаат да им бидат пријатели. Имаат силна волја и харизматична личност, а како најдобар пријател во Зодијакот им се наметнува некој што е роден во знакот Јарец. Додека Лавовите се повеќе егоистично ориентирани, Јарецот се покажува како несебичен пријател што им помага да се избалансира дивата природа на Лавот.

За другите хороскопски знаци повеќе на следната страница…

Најчитани вести